Контакт

СТРАТЕГИЈА НА МАКЕДОНСКИОТ ОЛИМПИСКИ КОМИТЕТ ЗА РАЗВОЈ НА СПОРТОТ ВО
РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Превземете го работниот документ kako PDF


Ваш E-mail: *
Оставете Коментар: *
 


            СТРАТЕГИЈА ЗА РАЗВОЈ НА СПОРТОТ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

За содржините и целите на документот Стратегија за развој на спортот во Република Македонија1
Документот насловен како Стратегија за развој на спортот во Република Македонија е програмски документ на Македонскиот Олимписки Комитет и има за цел, без претензија за целосност и искључивост во пристапот, да даде прилог кон изготвување на Национална стратегија за развој на спортот што секако е обврска на Владата и на Собранието на РМ.
Овој документ е отворен за критички промислувања и дополнувања на спортските, научни и стручни лица и експерти, спортистите и спортските асоцијации се со цел да се направи кавалитативен исчекор од состојбите во кои сега се наоѓа спортот во РМ.
Значи целта на документот е да покрене иницијатива за поцелосни согледувања на прашањата и тоа:
1. Утврдување на целите кои, македонското општество, сака да ги постигне во областа на спортот за определено време и/или за подолг временски период-дефинирање на приоритетите;
2. Обезбедување на услови од кои зависи реализацијата на поставените цели - материјални, организациони, инстититуционални, законски и други мерки;
----------------------------------------------------------------------
(1) При изготвување на овој документ учествуваа голем број на научни и стручни лица, користени се материјали од научни советувања, а заради рационалност на основниот документ, секако и заради поцелосно информирање на неговите корисници, добиените и користените материјали се наведени во фуснотите или се дадени како прилози.
Овој документ пред да биде усвоен од страна на Собранието на МОК ќе биде предмет на јавна расправа се со цел да добие таков кавлитет кој би представувал солидна основа за спроведување на толку потребната реформа во областа на спортот.
----------------------------------------------------------------------
3. Определување на носителите (спортските клубови, федерации и други асоцијации), проценка на нивните капацитети за реализација на поставените цели - популациони, спортски и стручно-научни капацитети, како и критичка оценка на организационите решенија;
4. Афирмација на врвниот спорт како посебен приоритет и фактор за афирмација на државотворниот и национален идентитет на Република Македонија на регионален и меѓународен план.
5. Дефинирање на спортот како дејност од посебен општествен интерес, и потреба на граѓаните, посебно на младата популација, негово програмско дефинирање во воспитно образовниот систем, во средното и високото образование, системот на здравствена заштита, развојот на научноструч ни институции според меѓународните стандарди и барања.
6. Афирмација на високите вредности на Олимпизмот кои го афирмираат човекот како основна вредност од која произлегуваат сите други, цивилизациски, вредности.
7. Од посебно значење е да се донесе посебна програма за спортувањето на лицата со посебни потреби со која ќе биде опфатен целокупниот комплекс на активности специфични за оваа категорија на спортисти.
8. Посебен фактор за развој на спортот во Р. Македонија представуваат медиумите, нивниот статус во услови на транзиција, третманот на спортот во уредувачката политика, влијанијата кои имаат за последица деградација на независноста на медиумите, а пред се професионалната и социјалната сигурност и позиција на новинарскиот кадар.

Актуелни состојби во спортот
Спортот како масовно спортско движење кое делува во сите свери и ги опфаќа сите генерации, со изградена инфраструктура за задоволување на неговите потреби, а посебно врвниот спорт во Република Македонија веќе подолго време се наоѓа во криза чии последици стануваат загрижувачки. Одделни проблесоци кои заслужуваат високо почитување се резултат на поединци и тимови кои сеуште го сочувале во себе ентузијазмот и силата да дадат се од себе за постигнување на високите цели и за афирмација на македонскиот спорт на регионален и меѓународен план.
Со Уставот на Р. Македонија, спортот не е дефиниран како дејност од посебен општествен интерес (2), а неговото учество во БНП е сведено на 0,016% (3). Законот за спортот и покрај сите поправки остана на нивото на државниот интервенционизам и сведување на федерациите и спортските асоцијации на ниво на здруженија на граѓаните, високо зависни од буџетската подршка на државата и кои, своите програми финансиски ги покриваат во најголем обем од донации и други извори (4). Одредени законски решенија за стимулации во даночната политика за дадени донации и во областа на спортот се донесоа во 2006 година но ефектите од тие решенија ќе можат да се анализираат во на крајот на 2007 година. Создадените законски услови за трансформација на спортските здруженија во трговски и/или акционерски друштва сеуште не се искористени во потребниот обем со што би се прошириле основите за финансирање на спортот и стимулирале приватните инвестиции во оваа област(5).
---------------------------------------------------------------------------
(2) Во членот 47 од Уставот на Република Македонија стои дека “ Републиката ги поттикнува и помага техничката култура и спортот” што е битна разлика во поглед на одговорноста на државата за развој на спортот до колку би била внесена и одредницата дека одговара за развојот на спортот .
(3) Со програмата за развој на спортот во СРМ за период 1986-1990 година планираните средства за остварување на активности на спортските сојузи на ниво на Републиката, беа усогласени со порастот на општествениот производ на Републиката во висина од 4, 5% на годишно ниво со тоа што настапите во составите на југословенските репрезентации беа посебно третирани со буџетот на Федерацијата. Вкупните вложувања за периодот 1986-1990 година на ниво на Републиката изнесуваа 666 000 000 тогашни динари (или околу 15 000 000 евра споредени со курсот на ДМ) и покриваа околу 60% од пријавените барања на спортските асоцијации во Републиката за реализација на нивните програми во областа на спортот.
(4) Првиот закон за спортот по осамостојувањето на Р. Македонија е донесен на 07. 02. 1996 година, а во април 2002 година е донесен нов со кој се создаваат услови спортските здруженија да се трансформираат во трговски друштва. Со измените и дополнувањата на Законот за спортот во октомври 2004 година обезбедена е законска основа за децентрализација на спортот со што се пренесени надлежности од оваа област на локалната самоуправа.
(5) За разлика од Р. Македонија, со Законот за спорт во Р. Хрвтска прашањето на акционерски друштва е детално разработено, а посебно обврската за минималниот основачки капитал од 500 000,00 куни (околу 70 000 евра); право на основање имаат домашни и странски правни и физички лица; ограничување на правото на едно лице да има повеќе од 1% од основачкиот капитал во АД од иста спортска гранка (оваа одредба не се однесува на државата и Локалната самоуправа); забрана на правото на сопственост на акции на лица чија дејност може непосредно да влијае на системот на натпреварувањата во соответниот спортсудии, спортисти, спортски менаџери.Тоа ограничување се однесува и на акционерски друштва кои учествуваат во натпревари и/или се од ист спорт. Едно лице може да има сопственост на акции во Друштвото најмногу до 25% од основачкиот капитал, односно до колку бара поголемо учество од тој процент мора да има предходна согласност на упрвата на друштвото и сл.
---------------------------------------------------------------------------
Исто така не се искористени можностите кои се обезбедуваат со донесувањето на Законот за локалната самоуправа и измените во Законот за спортот, посебно во поглед на основањето на Фондации за развој на спортот и за дефинирање на спортот како значаен фактор во програмите за локален економски развој. Дел од причините за тоа се и во фактот што сеуште не е решен проблемот со делбениот биланс помеѓу Републиката и Локалната самоуправа но и во фактот што спортот не е третиран на потребното ниво во програмите на економско-социјалниот и воспитно образовниот систем на локалната самоуправа пред се заради недоволниот економско-финасиски потенцијал, спороста во остварувањето на децентрализацијата и други фактори сврзани со степенот на развиеноста на локалната самоуправа (6).
Во секој случај во изминатиов период не се создаде широк простор за издигнување на сопртот во спортско движење со силно влијание не само на социјалната, психосоматска и здравствена положба на младите генерации туку и во значајна компонента во економско-социјалниот развој и воспитно образовниот и научно истражувачкиот систем на Р. Македонија (7). Наспроти тоа “спортските активности во современите општествени услови представуваат интегрален дел од човековата дејност заради остварување на одредени општествени цели во областа на образованието, воспитувањето, културата, здравството, социјалната политика, одбарната и безбедноста, а во извесна мера и во афирмирањето на националните вредности”(8).
Врз основ на научни изтражувања, социолошки спортот можеме да го дефинираме како систем дејност преку која се развива систем на вредности чија функција е:
-----------------------------------------------------------------------------
(6) За ова поширока анализа е дадена во прилогот Работен текст за сегменти од дејноста спорт од авторот Томислав Андоновски
(7) За ова пошироки анализи се дадени во прилпзите
(8) Цитирано според студијата Валоризација на спортските активности во СР Македонија од авторите А. Наумовски, С. Матевски и Ѓ. Боев
-----------------------------------------------------------------------------

•поврзување на сите човечки системи (физиолошки, моторни, морфолошки, психички, морални, културни) во спортски активности;
•поврзување на сите општествени системи (политички, еконопмски, културни, образовни, здравствени) во системот на спорто(9).
Од овие и секако многу пошироките научни истражувања, произлегува дијалектичкото единство на човекот како основна вредност од која произлегуваат сите други вредности, со општеството и спортот, како и фактот од потребата спортот да се јавува како фактор на поврзување на индивидуланите и општествените вредности врз кои се темели политиката на демокртаското, цивилно, општество и политиката на државата.  Ваквите научни согледувања не беа респектирани во периодот на општественоекономската и политичка транзиција на нашето општество што имаше и има директно влијание врз развојот на спортот. Отсуството на стратегијата за развој на спортот во услови на глобалната општествена транзиција отвори простор за продор на шпекулативниот капитал и предизвика огромна деструкција на спортската инфраструктура, посебно,  спортските објекти, чија вредност на почетокот на транзицискиот период, се движеше преку 100 милиони евра. Денес тие се извор на корупција и наместо да представуваат заначајна приходна стапка на спортскиот буџет тие станаа извор на богатење на шпекулативниот капитал, поттикнувач на конфронтации со спортските федерации и асоцијации и сериозен проблем за и онака сложените состојби во буџетот на државата.
Ваквата состојба е посебно илустративна во областа на изградбата, користењето и одржувањето на спортските објекти каде, според оценките на Јавното претпријатие за стопанисување со објекти за спорт во сопственост на Р. Македонија владее целосен хаос кој предизвикува не само огромни загуби туку и директно влијаее на развој на спортот. Констатирано е дека голем број на еден ист простор на спортските објекти е истовремено издаван на две, три или повеќе лица, висината на закупнината, за поголем дел од нив е испод секаква економска логика, а и таа не е наплатена, прифаќани се договори за закуп спротивно на законската забрана за закуп на спортски објекти, вршење на пренамена на просторот и/или на делови од него; целосна негрижа за одржувањето, сукоб на интересите на концесионерите и/или закупувачите со потребите на клубовите и федерациите и слично (10).
-----------------------------------------------------------------------
(9) Пошироко во списанието Физичка Култура бр. 2 од 2003 година
(10) За состојбите во оваа област пошироко во прилогот: “Стратегија за ефикасно функционирање на државните спортски објекти” изработена од Ј.П. за стопанисување со објекти за спорт во сопственост на Република Македонија.

-----------------------------------------------------------------------
Девастацијата на спортските објекти е до тоа ниво да тие не ги исполнуваат ни основните стандарди не само за врвниот туку и за основните потреби на спортот. До значајни промени во оваа област ќе дојде со новите инвестиции за изградба на спортски објекти, како заради подигнување на стандардите така и за создавање на основни услови за масовниот спорт, но и со забрзување на децентрализацијата во оваа област и донесување на делбениот биланс помеѓу Р. Македонија и Локалната самоуправа во поглед на сопсвеничките односи, права и обврски на спортските објекти од интерес на Републиката односно од интерес на Локалната самоуправа. Секое одлагање на решавањето на овој проблем има директно, негативно, влијание на развојот на спортот и рекреацијата во земјава.
Посебно се актуелни односите помеѓу Градот Скопје и општините како посебни единици на локалната самоуправа како од аспект на решавање на недореченостите во законската регулатива исто така и од аспект на делбениот биланс, правата и обврските сврзани со донесувањето на урбанистичките планови, проблемите настанати со договорите за концесии и/или за закуп, дефинирање на јавниот интерес на ниво на Градот како посебна единица на локалната самоуправа но и главен град на РМ со најразвиена спортска инфраструктура и највисока концентрација на спортските клубови, спортски асоцијации и Федерации, институции од областа на образовнието, науката, медицината како и на младата популација и сл.

Во градот се случуваат интензивни процеси во областа на спортот и спортските активности кои бараат системско уредување и континуирано следење. Така се намалува бројот на клубовите пред се како последица на економско- социјалните состојби, состојбите со спортските објекти од аспект на нивната основна намена сврзана со остварување на јавниот интерес во спортот и интересите на концесионерите и закупците се хаотични, нема делбен биланс со Републиката и општините. Заради тоа со изградбата на новата спортска сала со високи стандарди по прв пат ќе се создададат услови за организирање на светски и европски натпревари но и ќе е насочи интересот на спортистите и спортските федерации за користење на стандардите кои ќе ги обезбедува овој објект при нивните подготовки за настап на меѓународните натпревари (11).

Недовршениот процес на локалната самоуправа предизвика уште поголем застој во развојот на спортот и изгрдабата на спортската инфраструктура. Меѓутоа, причините за неповолните состојби во спортот на ниво на локалната самоуправа се и во фактот што спортот, како што е напоменато не се третира како компонента на локалниот економски развој пред се заради ограничените финасисики и материјални услови, ниту е пак третиран како компонента на Просторниот план на Република Македонија-Стратегија за просторен развој.
Иако образованието е една од најблиските дејности на спортот поврзана со многу компоненти, спортот во образованието е толку маргинализиран што секакви промени па и најрадикални бараат многу време и средства за да се оствари потребната ревитализација. Спортувањето и  остигнувањето на врвни резултати е тесно поврзано со младоста од најраните денови но и со материјалните и стручни капацитети на сите нивоа на воспитание и образование.
Почетокот на процесот е сврзан со состојбите во предучилишното образование и воспитание каде се реализираат програми за развивање на
-----------------------------------------------------------------
11 За ова повеќе во прилогот: Програма за развој на спортот во Скопје 2005-2010 природните форми на моториката на децата на возраст до 6 години. Активностите се реализираат во просториите и со справите со кои располагаат установите од предучилишното воспитување и образование проследени со сите проблеми кои се сврзани со нивното работење (застарена и недоволна опрема, проблеми со финансирањето на трошоците за реализација на основната дејност. недостаток на стручен кадар и сл). Од друга страна пак фундаментите на физичктата и интелектуална структура на спортот, посебно врвниот, се поставуваат со предметната настава во основното образование. За жал, на овој степен на образованието во последните години се случуваат ретроградни процеси: училиштата не располагаат со основната, потребна, опрема или пак користат крајно застарена и нефукционална опрема, немаат финансисики можности за набавка на модерна опрема која ќе овозможи постигнување на високи резултати но и воспоставување на систем на високи стандарди во антропометричките мерења и во мерењето на психомоторните и функционални способности на младите; се повеќе се намалува и онака недоволниот стручен кадар; се намалуваат часовите и сл. Сето тоа влијае не само на се поприсатните деформитети и друг вид на заболувања кај младите генерации туку и на неможноста на правовремено селектирање на младите кои ги имаат сите предиспозиции за одредени спортови и основа за натамошна селекција и едукација. Иако станува збор за дејност која има посебно влијание врз градењето на севкупниот систем на вредности кај младата популација и нивна мотивираност да се посветат на врвниот спорт.
Со Законот за средното образование постигнувањата на учениците во спортот не влегуваат во вреднувањето на севкупниот успех на учениците. За ширината и значењето од потребата за радикална промена на ваквите состојби доволно е да се наведат следните податоци: Во 2006 година во Р. Македонија со основното образование се опфатени 220 887 ученици, а се регистрирани 328 основни училишта; 128 училишта со полни паралелки од 1-8 одделение и 496 подрачни училишта со неполно паралелки, од 1-4 одделение, со вкупно 1048 училишни објекти кои располагаат со 187 738 м/кв. Значи според научните истражувања на проф. Насе Кондовски на секој ученик во основното образование му припаѓаат 0,85 м/квадратни со недостаток на опрема или нејзина застареност што се заедно е под сите европски стандарди (12).
Посебен проблем е позицијата на спортот во средното образование со кое се опфатени околу 307 000 лица во најчуствителниот дел од животот на младата популација посебно од аспект за развој на спортот. Во надминување на ваквите проблеми позитивен ефект ќе имаат новите инвестирања за изградба на спортски објекти со повисоки стандарди и ќе обезбедат поширок опфат на младата популација како и основањето на Спортската гимназија како фактор за развој на врвниот спорт и стручниот кадар во републикава. Но, сепак неопходна е промена во програмската определба на целокупниот систем на обаразование и воспитување кон поттикнување на развојот на спортот со обезбедување на широка основа за селекција и квалитетна едукација на перспективните врвни спортисти. Состојбите на спортот во високото образование, било да станува збор за изграден систем на спортување, за опфатеноста на студентите во еден таков систем или пак за состојбите во едукативната свера на стручниот кадар, посебно од аспект на степенот на развиеноста и опременоста на научноистраж увачките центри и институции за потребите на спортот, заслужуваат посебно внимание. Ова е до толку повеќе актуелно што се повеќе се шири мрежата на високообразовните институции кои опфаќаат околу 80 000 студенти при што не се изградени стандарди сврзани со потребите на спортот како услов за добивање на лиценци за основање на високообразовни институции.
Спортските, спортско-рекреативните активности и натпреварите на универзитетите во Р. Македонија, по правило, таму каде што се основани и имаат парограмирана активност, се одвиваат преку факултетските спортски друштва, Академските спортски друштва на универзитетите (како асоцијации на спортските клубиви кои се натпреваруваат во соответни лиги и системи на натпреварувања во земјата) и Националната Униврзитетска Спортска Федерација која е носител и организатор на меѓународните спортски натпревари (четврти степен на натпревари) Концепциски системот на спортските активности и натпревари е поставен на четири нивоа (степени), со дефиниран број на дисциплини во машка и женска конкуренција. Покрај тоа, во организација на Сојузот на студентите посебно се одржуваат Македонски студентски спортски игри.
Вака поставениот концепт претпоставува изграден систем на натпревари на факултетите, во рамките на Универзитетите, а исто така и помеѓу Унивезитетите со обезбедени материјални, просторни и со програмски дефинирани обврски како на управните органи на факултетрите и универзитетите така и на министерството за образование и наука во делот на неговата обврска за обезбедување на буџетските средства. Секако тоа подразира, вклучително и потребните средства за остварување на високото образование во делот физичката култура (ФФК и Центарот за физичко образование), научно истражувачката дејниост и обезбедување на услови за специјализација на кадри согласно со се повисоките меѓународни стандарди во областа на спортот (13).
Меѓутоа, наспроти, ваквата, на прв поглед, оптимална, институционална поставеност, состојбите со физичкото образование, и спортот на универзитетите во Републиката се крајно неповолни. Целиот систем на институциите е препуштен сам на себе, без обезбедени материјални и финасиски услови, преживувајќи благодарение на ентузијазмот на преостанатите кадрови кои со тоа обезбедуваат елементарна
--------------------------------
12 Поопширно воприлозите: Стратегија за развој на спортот во Република Македонија од проф. Н. Кондовски-кинезиолог и искуства од истражувањата на наставникот по физичко образобание во Основното училиште К. Ангеловски Скопје проф. Јованка Трајковска
13 Подетално види во прилогот ПРОГРАМА за развој на универзтескиот спорт во Република Македонија 2005-2010 и ПРОЕКТ за трансформација на Центарот за физичко образование при ФФК
--------------------------------
егзистенција. Сето тоа предизвикува континуирана криза на спортот и на неговото влијание на студентската популација. Потребата од реформирање на постојниот систем, а посебно од создавање на материјални и кадровски услови за оптимално опфаќање на студентската популација во системот на спортот и спортските активности е повеќе од актуелна.
За таа цел основана е посебна комисија на Универзитетот Св. Кирил и Методи раководена од Ректорот, чија работа треба да резултира со донесување на програма за институционална реформа и реафирмација на спортот на Универзитетот.
Од посебно значење како врз развојот на масовниот но уште повеќе врз врвниот спорт е програмската и законска дефинираост на спортот во одбраната и безбедноста како клучни сегменти пред се на политичкиот но и пошироко на општествениот систем на Р. Македонија. Тоа пред се значи спортот да се дефинира како дејност и како организациона структура во МВР, МО и АРМ согласно со домашните и меѓународните стандарди кои се бараат во сверата на одбраната и безбедноста но и законската уреденост на спортот во Р. Македонија. Тоа значи основање на спортски клубови кои ќе станат дел од целокупниот систем на организирање и натпреварување во Републиката, обнова и изградба на специфична спортска инфраструктура и опрема за потребите на спортот во областа на безбедноста и одбраната како и едукација и развој на потребниот стручен кадар во овие области. За афирмацијата не само на спортот туку и за државноста на РМ од посебно значење е обезбедување на настапот на македонските, армиски и полициски репрезентации на натпреварите организирани од страна на Меѓународниот совет за воен спорт, Светските полициски спортски сојузи, Европската и Балканската полициска спортска унија.14
Здравството, а посебно спортската медицина како мултидисциплинарна гранка која ја опфаќа и теоретската и практичната медицина е од посебно значење за развој на спортот односно за систематско следење на
--------------------------------
14 Пошироко во прилогот: Основни задачи за развој на спортот во МВР, МО и АРМ како дел на стратегијата на развојот на спортот во Р. Македонија
--------------------------------
здравствените појави кај младите генерации, селекција на нивните предиспозиции но и за превентива, терапија и рехабилитација на спортистите и остварување на огромни здравствени придобивки од опфаќањето во еден таков сиситем и на рекреативниот спорт, вклучително и лицата со посебни потреби, односно спортот за сите. Потребата од зголемување на опфатеноста на учесниците во спортот и спортско-рекреативните физички активности, а посебно на најмладата генерација и на лицата со посебни потреби сама по себе е условена со висок ниво на развиеност на системот за следење на здравствените состојби и секако на спортско медицинската контрола, надзор, анализа и научноедукативната дејност.
Од посебно значење улогата на медицината, особено кога се работи за остварувања во врвниот спорт- поединечни и/или клубски, е едукацијата на спортистите за допинг средствата како и за агресивното однесување и другите појави кои го следат спортот. Тоа само по себе подразбира организирана, системска, програмира активност во оваа област, институционална поврзаност и организираност, развој на кадровските капацитети потребни за истражувањата на психолошките појави и состојби во областа на спортот, почитување на стандардите утврдени со закон, а се сврзани со спортската медицина и здравствената заштита на спортистите од страна на спортските клубови и асоцијации и сл.15
Вистинскиот индикатор и мерило на состојбите и достигнувањата на спортот во Р. Македонија е врвниот спорт односно постигнатите резултати на регионалните, европските и светски натпреварувања и олимписките игри во изминатиот период. 16
--------------------------------
15 Пошироко за ова од прилогот на Заводот за спортска медицина, Пролпгот на Д-р сци Даниела Шукова Стојмановска и прилозите на проф. Д-р Ленче Алексовска Величковска и на Д-р Вера Симоновска.
16 Според анализите на СФКМ од 1985 македонските спортисти само во периодот 1981-1985 година имаат освоено 32 медали на балкански првенства; 4 медали на медитеранските игри;
--------------------------------

Во периодот од осамостојевањето на РМ до 2006  16 медали на европски првенства; 2 медали на светски првенства и 3 медали на Олимписки игри. Во истиот период во државните репрезентации на СФРЈ кои настапувале на меѓународните натпревари и се бореле за освојување на медали  чествувале: на Балканијадите 35 спортисти; на медитеранските игри 9 спортисти; на универзијадите 4 година освоени се: една златен и еден сребрен медал на параолимписките игри во Барселона 1992 година, бронзен медал на олимписките игри во Сиднеј 2000 година,бронзен медал во бокс на европскиот шампионат, два златни, еден сребрен, три бронзени трофеи во борење на СП и ЕП, бројни трофеи8 во поединечна конкуренција во повеке спортови, карате пливање, а и секако од посебно значење имаат триумфите на Јака Бучим чии борачи беа континентални и интерконтинентални прваци,како и освојувањето на европскиот шампионат во ракомет за жени на РК Кометал- Ѓорче Петров. Врвниот спорт е почитуван само тогаш и толку кога со своите врвни постигнувања станува предмет на политички маркетинг. Врвните спортисти и експерти се оставени сами на себе и на скромните стипендии кои ги доделува Агенцијата за спорт и млади чиј буџет секоја година е прв на рестрикциите на министерството за финансии. Социјално се маргинализирани, без елементарна социјална сигурност која би ја оствариле преку правото да бидат вработувани, преку признавање на стаж на осигурување и не ретко завршуваат како социјални случаеви кои во своите џепови ги носат медалите како спомен на едно време кога дале дел од себе за регионалната и/или светска спортска слава на Македонија17.
Научните и стручни истражувања и анализи од бројните научни и стручни советувања остануваат само како архивирани материјали без интерес од оние кои ја креираат политиката во спортот на сите нивоа. Посебно внимание заслужуваат трудовите објавени во списанието Физичка Култура, научните и стручни согледувања на одделни научни и стручни лица во рамките на факултетот за Физичка Култура, документот за проектните цели и активности донесен од страна на Советот на експерти за спорт, образование, наука и туризам од октомври 2006 год. како и на програмски спортисти; на европските првенства 18 спортисти; на светските првенства 12 спортисти и на Олимписките игри 4 спортисти. Титули на врвни спортисти според критериумите на тогашната СФКЈ освоиле: заслужни спортисти на Југославија 4 спортисти; меѓународна категорија 7 спортисти и сојузна класа 90 спортисти.
--------------------------------
17 Пошироко за ова во прилогот Стратешките определби за врвниот спорт во Р. Македонија и на прилогот на Комисијата за спортисти на Македонскиот Олимписки Комитет
--------------------------------
определби на други невладини организации и институции во областа на спортот и рекреацијата-спорт за сите. Исто така сознанијата од научните истражувања чиј предмет беше Валоризација на спортските активности во СР Македонија во 1988 година и врз основа на кои требаше да биде извршена категоризацијата на спортовите и спортските активности, сеуште се актуелни и можат да “послужат за изработка на мерила, критериуми и стандарди за креирањето на развојната политика и физичката култура” односно на спортот и спортските активности на Р. Македонија.
Процесите на еден, по се изгледа погрешно поставен поставен модел, предизвика социјални и професионални потреси врз спортскиот кадар во медиумите и деструкција на основнитте вредности на новинарството посебно во спортот. Станува збор за негативни прцеси кои се одвиваат сврзани со статусот на спортското новинарство, статусот на спортските новинари, но и за односите на спортските клубови, спортските федерации и други асоцијации како и за стандардите на спортската инфраструктура кон спортското новинарство посебно од аспект на нивната организираност, транспарентност и опременост да ги обезбедат основните предуслови за остварување на јавниот интерес во спортот преку медиумите (18).
-----------------------------------------------------------------------
(18) За ова пошироко во прилогот Статусот на спортското новинарство и транспарентноста на спортот кон медиумите
-----------------------------------------------------------------------

ПРЕДЛОГ МЕРКИ И АКТИВНОСТИ ОД ЗНАЧЕЊЕ ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА СТРАТЕГИЈАТА ЗА РАЗВОЈ НА СПОРТОТ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Ценејќи го значењето на спортот за економско-социјалниот развој и афирмацијата на Република Македонија потребно е во Уставот на РМ да се внесе одредба со која спортот ќе се дефинира како дејност од посебен општествен интерес за Републиката и како таков ќе представува компонента на краткорочните и долгорочните планови за развој на Р. Македонија.

Законска регулатива
1. Донесување на нов Закон за спортот на Р.М. со кој целосно ќе се уредат работите од спортот во согласност со основите на економско политичкиот систем, а посебно:
- Основање на Национален Совет за спорт од страна на Собранието на Р. Македонија. Предлагачи на составот на Советот во состав од 13 члена се Владата на РМ (7), Македонскиот Олимписки комитет (3), Асоцијацијата на спортитите со посебни потреби (1), Факултетот за Физичка Култура (1) и Сојузот на спортовите на Универзитетите од Р. Македонија. Со одлуката за основање на Националниот Совет, Собранието ја утврдува и неговата надлежност. Финансирањето на Советот се врши од буџетот на Републиката;
- Дефинирање на јавниот интерес на Републиката и на јавниот интерес на Локалната самоуправа во областа на спортот, а со тоа и утврдувањето на нивните права и обврски како и меѓусебните односи за развој на спортот;
- Донесување на Национална и годишни програми за спортот на ниво на Републиката; уредување на односите помеѓу Владата, Републичкиот стручен совет и Македонскиот Олимписки Комитет во постапката за нивно донесување на начин што при предлагањето на Националната програма за спортот, Владата е должна да прибави предходно мислење од Републичкиот стручен совет и со согласност од МОК; Националниот програм за спортот го донесува Собранието на Р. Македонија на предлог на Владата заедно со предвидените средства за негова реализација во буџетот на Републиката.
- Програмите за работењето на националните спортски федерации и на МОК сврзани со националните првенства, меѓународните натпревари на националните репрезентации, Олимписките игри како и грижата за врвните спортисти ги предлага МОК кој е должен да доставува годишни  извештаи за нивната реализација и потрошените средства до Собранието на РМ и Агенцијата за спорт и млади на Владата на РМ. Во случај на спор помеѓу Владата и МОК во врска со предложената програма, Владата има право повторно да го достави својот предлог до Собранието при што за повторената постапка е потребно да добие позитино мислење од Републичкиот стручен совет;
- Дефинирање на МОК како највисоко самостојно, национално, спортско друштво во кое се здружуваат националните спортски федерации, спортските заедници на ниво на Републикта и Локалната самоуправа како и други друштва чија дејност е од значење за развој на спортот и е во согласност со високите принципи на Олимпизмот. При тоа од посебно значење е дефинирање на надлежностите на МОК како и активирање, согласно Статутот на МОК, на Совет за спортска арбитража и Арбитражен Суд како независни тела за решавање на споровите сврзани со спортот, освен оние спорови за кои се надлежни редовните судови;
- Владата на Република Македонија да основа Републички стручен совет во во состав од 17 члена кои ги именува Владата од кои 7 на предлог на МОК, а еден на предлог на националните спортски федерации кои не се вклучени во системот на олимписки спортови;
- Активирање на Здружение(асоцијација) на спортските федерации како стручно тело, како и дефинирање на неговата надлежност за следење на дејноста на професионалните спортски клубови чиј состав го именува МОК на предлог на здружените спортски федерации во МОК
Со Законот за спорт да се уредат работите сврзани со:
- стандардите за основање на клубови и спортски друштва, спортски сојузи и други облици на здружување во областа на спортот; правата и обврските на основачите;
- заштитата на јавниот интерес како и интересите на професионалните спортисти и спортски стручњаци од појавата на шпекулативниот капитал; стандардите за градење и користење на спортски објекти, условите за закуп и/или концесија и заштитата на интересите на спортот и сл.
- Уредувањето на акционерските односи во изградбата, одржувањето и користењето на спортските објекти како и уредување на односите по основ на концесиии и закуп, на начин кој ќе се заштитити јавниот интерес за спортот на ниво на Републиката и на Локалната самоуправа.
- Создавање на законски основи за јавно-приватно партнерство за изградба, одржување и користење на спортските објекти од јавен интерес.
2. Утврдување на статусот на врвните спортисти и, во согласност со тоа, обезбедување на правата на социјална и здравствена заштита, правото на приоритет при вработувањето како и доделување на награди и доживотни пензии за освоените медали на олимписки игри, светски и европски натпревари.Висината на доживотната пензија да не биде помала од две просечни годишни плати на ниво на републиката за предходната година;
3. Обезбедување на законски основи за основање на Фондации, Дирекции и други форми на организирање на ниво на Републиката и Локалната самоуправа;
4. Преиспитување и уредување на односите со Лотарија на Македонија, спортските и другите видови на кладилници и наградни игри кои ги користат спортските натпревари во земјата или од странство од аспект на нивните финансиски обврски спрема спортот;
5. Со Законите за средно и високо образование да се уредат работите сврзани со:
- стандардите за издавање на лиценци за изградба и за одобрување ба дејност за средно и високо образование со кои ќе се обезбедат услови за остварување на дејноста на спортските клубови и асоцијациите на средношколците и студентите (спортски сали, терени и сл)
- стандарди за основање на клубови во средните училишта и факултетите како и извори за нивни финасирање.

Децентрализација и Локална самопурава
6. Спроведување на децентрализацијата во областа на сопственичките односи, изворите на финасирањето и стопанисувањето со спортските објекти од јавен интерес за Републиката односно Локалната смоуправа, како и утврдување на обврската на Локлната самоуправа за донесување на Годишни програми за спорт.како дел од програмите за локален економски развој (поврзување на интересите на одделни стопански гранки, посебно туризмот, со проектите на економскиот развој и привлекување на домашни и странски инвеститори и сл.).
Во согласност со тоа да се спроведе делбен биланс и обезбеди правото на управување на локалната смоуправа со спортските објекти, право на доделување на земјиште за изградба на спортски и рекреативни објекти во согласност со деталниот урбанистички план.
7.- Со Просторниот План на Република Македонија-стратегија за просторен развој, со Законот за спортот и со други закони да се дефинираат зони од посебен интерес за развој на спортот и на одредени спортски активности и тоа:
- Регионот на Шар Планина, Маврово, Крушево, Кожуф и Пелистер за развој на зимските спортови;
-Охридско-Струшкиот и Дебарскиот регион за развој на веслачките и пливачките спортови, а во зоните на Преспанското и Дојранското езеро како и на акумулацоините езера развој на рекреативните спортови на вода и други специфични спортски активности;
- Регионите на Скопска Црна Гора и Караџица изградба на спортска инфраструктура за специфични спортови и спортски активности -
планинарење, орјентациони кросови, мотоциклизам исл.;
- Регионот на Малешевијата да се развива како зона на спортско рекретивни активности и на специфични спортови комплементарни на потребите и интересите на зимските центри во Р. Бугарија. Развојот на овие зони да биде усогласен со развојните проекти во областа на туризмот.

Финансирање

8.- Финансирањето за изградба на спортски објекти и на спортската инфраструктура да се остварува преку буџетските средства на републиката, буџетите на Локалната самоуправа, со навремена изработка на проекти според стандардите кои се бараат за коритење на средства од пред пристапните фондови на ЕУ и посебно врз принципот на јавно-приватно партнерство со јасно дефинирање на стимулации како за домашните така и за странските приватни инвеститори. Од тоа ќе произлезе поблиското дефинирање на содржините и потребата од корекции и иновации во Стратегијата за развој за одреден регион.
9.- Основање на спортска национална фондација и на бизнис асоцијација за поттикнување на материјалната основа на спортот.
10.- Со буџетот на Републиката и буџетите на Локалната самоуправа како и со други законски решенија обезбедуваење на учество на спортот во Р. Македонија на ниво од 0,90% од Бруто националниот производ, а со посебни закони, подзаконски акти и одлуки на Локалната самоуправа  обезбедување на одредени даночни, царински и комунални олеснувања при изгрдабата и користењето на спортски објекти и набавка на спортска опрема кои се од јавен интерес.

Образование, наука и здраство
11.- Со закон и/или со уредби во областа на основното, средно и високото образование утврдување на сиситем на антропометрички мерења и бесплатен, едногодишен, општ медицински преглед на учениците, а посебно систем на натпревари на нивона универзитетите и меѓу ниверзитетските натпреварувања, самостојни и како дел на системите на натпреварите на ниво на Републиката;
12.- Со Законот за здравство да се обезбеди реално потребната материјална основа за работење на Заводот за спортска медицина, создавање на бази на информации потребни за систематско следење и изучување на здравствените и психосоматските состојби во областа на спортот, посебно на заштитата од појавите на наркозависноста и другите негативни појави, како и обезбедување на едногодишен, безплатен, општ медицински преглед на спортистите.
13.- Обезбедување на материјални и кадровски услови на научно истражуваката и едукативната дејност на ниво кое е потребно за развој на врвниот спорт во Р М (техничко и кадровско оптемување на постојните институции и стимулирање на научно истражувачките проекти кои се од значење за остварување на јавниот интерес во спортот) Од посебно значење за развој на спортот е да се основа Институт за научно истражувачка работа во областа на спортот со посебни лабаратории и тоа:
- Лабораторија за истражување на појавите и состојбите сврзани со селекцијата и орјентацијата на младите во спортот;
- Лабораторија за истражување на моторните и функционалните способности на спортистите;
- Лабораторија за следење и изучување на психофизичките појави и состојби, посебно кај врвните спортисти:
- Лабораторија за организација и развој на спортот како дејност (ги следи трендовите на развој на спортот во развиените држави; функционалноста на структурата и организационата поставеност на спортските организации и институции, статусните прашања на институциите и спортистите и нивниот одраз врз развојот на спортот, создава бази на податоци и сл.)
14.- Дефинирање на масовниот спорт (спорт за сите) и рекреацијата како обврзувачка компонента на економско-социјален развој на Републиката и Локалната самоуправа;
15.- Динамиката на развојот на спортот како гранка која битно влијае на економскиот и социјален развој, поврзаноста на бизнис интересите со спортот, посебно врвниот но и масовниот спорт како битна компонента за развој на туризмот ја наметнуваат потребата од трансформација, односно во програмата на високообразовните институции во да се вградат едукативни програми за менаџери во областа на спортот.
16.-Усогласување на македонското законодавство со Повелбата и стандардите на ЕУ за реализација на проектот за осигурување на спортистите на прокетот Спорт за сите; Програмата за интеграција на лицата со посебни потреби; инвалидизираните лица на сите нивоа на спортот; како и афирмација на жената во спортот.
17.- Посебен фактор за развој на спортот во РМ представуваат медиумите, нивниот статус во услови на сопственичката транзиција и ризиците кои се сврзани со појавата на шпекулативниот капитал, влијанијата кои имаат за последица деградација на основните вредности сврзани со нивната независност, уредувачка политика, социјалната и професионална сигурност на новинарскиот кадар и инструментализацијата на спортот во медиумите од страна на политиката. Од интерес за развој на спортот е да се основа посебна асоцијација која ќе се грижи за заштита на основните вредности во информирањето на јавноста и јавниот интерес во спортот и статусот на новинарскиот кадар.

НАРЕДНИ ОЛИМПИСКИ ИГРИ

ЗОИ СОЧИ 2014%07/02/2014
ЗОИ СОЧИ 2014
ЛОИ РИО ДЕ ЖАНЕИРО 2016%05/08/2016
ЛОИ РИО ДЕ ЖАНЕИРО 2016
ЗОИ ПЈОНГЧАНГ 2018%09/02/2018
ЗОИ ПЈОНГЧАНГ 2018
ЗОИ 2014
Sochi 2014