МАКЕДОНСКАТА ПАРАОЛИМПИСКА ДЕЛЕГАЦИЈА ПРИСТИГНА ВО ПЕКИНГ
Македонскиот параолимписки тим пристигна во Пекинг заедно со своите колеги од Португалија, Германија, Италија, Јапонија и други. Македонските параолимпијци се сместени во истата зграда во која беа сместени и македонските олимпијци. Тие започнаа со своите тренинзи, а првиот настап Ванчо Каранфилов и Оливера Наковска - Бикова ќе го имаат на 7 односно 8 септември 2008 година.
На свечената церемонија на отварањето на Параолимписките игри, на 6 септември 2008 година, знамето на Република Македонија ќе го носи Ванчо Каранфилов (стрелаштво).
Инаку, церемонијата на подигнување на македонското знаме во Олимпиското село, се одржа на 2 септември 2008 година, со почеток во 11:оо часот (05:00 часот по македонско време). Македонското знаме беше подигнато заедно со знамињата на Кипар и Зимбабве.




 =============================================================
Информации во врска со настапот на македонските спортисти на ПОИ ПЕКИНГ 2008, може да се добијат од страна на Главниот тренер на Македонската параолимписка делегација, Бранимир Јовановски, на телефонскиот број + 86 13911370190 како и на веб страната www.fsrim.org.mk. Meдиумите имат право да превземат информации и слики од веб страната на Македонскиот олимписки комитет, со тоа што на крај од текстот треба да наведеат: "Информациите (сликите) се превземени од веб страната на Македонскиот олимписки комитет".
|