Контакт

ОДРЖАН ОЛИМПИСКИOТ СЕМИНАР ПО СПОРТСКА МЕДИЦИНА

 15-05-2011



ОДРЖАН ОЛИМПИСКИ
OТ СЕМИНАР ПО СПОРТСКА МЕДИЦИНА

Повеќе од 40 доктори, специјалисти по спортска медицина, но и голем број на тренери и спортисти учествуваа на Олимпискиот семинар за спортска медицина на тема “Превенција и третман на спортски повреди на меки ткива“. Предавањата кои ги одржа д-р Гернот Бадтке, кој беше и главен доктор на најдобрите Германски олимпијци на Олимписките игри во Сиднеј 2000, Атина 2004 и Пекинг 2008 година треба да ги унапредат знаењата на стручните лица кои се грижат за здравјето на спортистите, посебно во однос на скратување на периодот на опоравување, превземање на сите мерки повредата да не се повтори, одредување на специјален режим на вежби за време на опоравување како би можеле спортистите подготвени да се вратат на спортскиот терен.

  

Учесниците на семинарот беа воодушевени од квалитетот на предавачот и побараа од Македонскиот олимписки комитет, д-р Гернот Бадтке да дојде повторно во Македонија, овој пат на подолго време и да изврши нова обука на македонските доктори, специјалисти по спортска медицина. Д-р Гернот Бадтке ја пофали организацијата на семинарот и со задоволство прифати повторно да дојде во Македонија и да одржи дополителни предавања на теми кои ќе бидат од интерес за Македонскиот олимписки комитет.  

Македонскиот олимписки комитет ја изразува својата благодарност до амбасадорот Н.Е. г-ѓа Улрике Марија Кноц, за постојаната поддршка која Владата и Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија, како и Амбасадата на Сојузна Република Германија во Скопје, Македонија, ја дават на Македонскиот олимписки комитет во насока на унапредување на Олимпизмот и спортот во Македонија.

Назад

НАРЕДНИ ОЛИМПИСКИ ИГРИ

ЗОИ СОЧИ 2014%07/02/2014
ЗОИ СОЧИ 2014
ЛОИ РИО ДЕ ЖАНЕИРО 2016%05/08/2016
ЛОИ РИО ДЕ ЖАНЕИРО 2016
ЗОИ ПЈОНГЧАНГ 2018%09/02/2018
ЗОИ ПЈОНГЧАНГ 2018
ЗОИ 2014
Sochi 2014