Контакт

МАЛИ ОЛИМПИСКИ ИГРИ 2011 НА МОК И ОПШТИНА КИСЕЛА ВОДА

 28-02-2011


МАЛИ ОЛИМПИСКИ ИГРИ 2011
НА МОК И ОПШТИНА КИСЕЛА ВОДА

Македонскиот олимписки комитет во соработка со Општина Кисела Вода во периодот од 14 февруари до 05 март 2011 година, на територијата на општината ќе ги организира Малите олимписки игри на кои е предвидено да се одиграат натпреварите во мал фудбал, кошарка, одбојка, како и во индивидуалните спортови шах и пинг-понг. Спортски натпревари ќе се одиграт и во училиштата за деца со посебни потреби. Завршната свеченост, по повод затворањето на Игрите, на која ќе присуствуват и Претседателот на МОК, д-р Васил Тупурковски, градоначалникот на Општина Кисела Вода, г-дин Марјан Ѓорчев и Н.Е Амбасадорот на Велика Британија во Република Македонија, г-динот Кристофер Ивон, ќе се одржи на 4 март во О.У. “Кирил Пејчиновиќ“.

На овие игри учество ќе земат О.У. “СВ Климент Охридски“, О.У. “К.Ј.Питу“, О.У. “Кузман Шапкарев“, О.У. “Рајко Жинзифов“, О.У. “Круме Кепески“, О.У. “Партенија Зографски“, О.У. “Кирил Пејчиновиќ“ и О.У. “Н.Г.Дуња“. Натпреварите во мал фудбал ќе се одржат во спортската сала “Архиепископ Доситеј”, а ќе бидат заокружени со големото финале на 4 март (петок). Во спортската сала “Независна Македонија” ќе бидат одржани кошаркарските натпревари каде ќе биде одиграно и големото финале на 4 март, а одбојкарските натпревари ќе се одиграат во салата на О.У. “Партенија Зографски“ со одржување на големото финале истиот ден. Пингпонгарските натпревари ќе се одржат во салата на О.У. “Невена Георгиева Дуња“ на 4 март, а истиот ден во големата собраниска сала на општината Кисела Вода ќе се одржи и турнирот во шах.

Натпреварите по спортови за децата со посебни потреби ќе се одржат на 4 март во спортските сали на училишта за децата со посебни потреби “Димитар Влахов“ и “Златан Стремец“. Во текот на Малите олимписки игри, претседателот на Олимписката академија, проф. д-р Кирил Темков, за училиштата ќе одржи олимписки час на 3 Март 2011 година.

МОК е единствениот правен субјект на територијата на Република Македонија кој има право да го користи терминот Мали олимписки игри, а со оваа заедничка акција МОК верува дека заедно со општината Кисела Вода ќе ги постави олимпизмот и спортот многу поблиску до учениците и граѓаните на оваа наша спортска општина.

 

Назад

НАРЕДНИ ОЛИМПИСКИ ИГРИ

ЗОИ СОЧИ 2014%07/02/2014
ЗОИ СОЧИ 2014
ЛОИ РИО ДЕ ЖАНЕИРО 2016%05/08/2016
ЛОИ РИО ДЕ ЖАНЕИРО 2016
ЗОИ ПЈОНГЧАНГ 2018%09/02/2018
ЗОИ ПЈОНГЧАНГ 2018
ЗОИ 2014
Sochi 2014