|
|
|
|
Зимски младински олимписки игри Инсбрук 2012 |
|
11-01-2012 |

|
Зимски младински олимписки игри Инсбрук 2012 МАКЕДОНСКИОТ ТИМ ПРИСТИГНА ВО ИНСБРУК |
|
Во Инсбрук, Австрија, во периодот од 13 до 22 јануари 2012 година ќе се одржат првите Зимски Младински олимписки игри (ЗМОИ). Македонија на овие игри ќе ја претставуват Марјан Нашоку (Алпско скијање), Велко Лозановски (Скијачко трчање), Александар Георгиевски (Тренер – Алпско скијање), Ѓоко Диневски (Тренер - Скијачко трчање) и Сашо Поповски (Шеф на делегација). Марјан Нашоку, кој ќе го носи македонското знаме на церемонијата на отварање на 13 Јануари, ќе настапи во 4 спортски дисциплини и своите настапи ќе ги има на на 14, 15, 19 и 21 Јануари додека Велко Лозановски ќе настапи во една дисциплина на 21 јануари (спринт). Инаку, на првите ЗМОИ во Инсбрук ќе учествуват 1059 спортисти, на возраст од 14 до 18 години. |
|
|
| Преку 60 Национални олимписки комитети меѓу кои и Македонскиот олимписки комитет ќе се натпреваруват во 7 спортови, во 63 спортски дисциплини. Покрај спортскиот карактер на игрите, важен дел од игрите е и културно-образовниот програм за младите олимпијци, во кој ќе бидат вклучени разни интерактивни работилници поврзани со основните вредности на олимпизмот, здравиот начин на живот, ќе има и анти-допинг едукативни програми, а голема атракција ќе биде дружењето со светските спортски звезди како што се Линдзи Вон и Бенџамин Раиш (алпско скијање), Јун Ким (уметничко лизгање), Кевин Роландам (скијање слободен стил) и Сидни Крозби (хокеј на мраз). |
|
| Назад |
|
|
|
|
|