|
|
|
|
Македонија со шест спортисти на Младинските ЛОИ во Сингапур |
|
14-08-2010 |

Македонија со шест спортисти на Младинските ЛОИ во Сингапур
Вкупната делегација што денеска замина за Сингапур, брои 10 луѓе, од нив шест спортисти од кои тројца пливачи и по еден во тенис, бадминтон и стрелаштво 
Симона Маринова, Тиана Тасевска, Марко Блажевски (пливање), Дијана Петрова (стрелаштво), Драгана Волкановска (бадминтон) и Стефан Мицов (тенис) се шесттемина спортисти кои ќе ги бранат боите на Македонија на претстојните први Младински летни олимписки игри (МЛОИ), кои од 14 до 16 август ќе се одржат во Сингапур.
Со спортистите ќе патуваат и тренерите Владимир Пејковски (пливање), Сашо Тодоров (стрелаштво), Дарко Анастасов (бадминтон), додека шеф на делегацијата е нашата прославена ракометарка Гордана Нацева. Подоцна ќе им се приклучи и спортскиот директор на Македонскиот олимписки комитет (МОК), Владимир Богоевски, но во својство на тренер на тенисерот Мицов, по откажувањето на тренерот Мишко Марковски.
- МОК се надева дека овие надежни млади спортисти во Сингапур ќе ги надминат своите лични рекорди, што секако би претставувало успех - изјави Богоевски на вчерашниот прес во просториите на МОК.
На овие ЛОИ ќе настапат околу 5.000 спортисти (под 18 години) од 205 олимписки комитети, што секако ќе претставува и едно искуство повеќе во надградувањето на спортистите и како личности.
- Покрај натпреварувачкиот карактер и претставување на својата држава, овие први Младински ЛОИ ќе одиграат и голема улога во изградувањето на самите спортисти како личности, бидејќи ќе се дружат со многу спортисти. Притоа тие ќе го почувствуваат и духот на олимпизмот и почитување на останатите вредности, од кои најзначаен е оној човечкиот - истакна Нацева, која се надева на добри остварувања во Сингапур.
|
| Назад |
|
|
|
|
|