|
 ДИЈАНА ПЕТРОВА СО НОРМА ЗА МОИ СИНГАПУР 2010
Мaкедонскиот олимписки комитет финансиски во целост застана зад нашиот најдобар млад женски стрелец Дијана Петрова (воздушен пиштол), која заедно со својот тренер, Сашо Тодоров (одреден од страна на МОК), учествуваше на Светскиот куп во Форт Бенинг, Соединетите Американски Држави.
Дијана Петрова, во дисциплината воздушен пиштол (10 метри) во својата прва серија испука 90 кругови, а во втората серија испука 86 кругови. Tогаш настапи на виделина квалитетот на Дијана која во третата серија испука 95 додека во последната серија испука 94 кругови и со вкупно 365 кругови таа се избори за минимална квота за настап на Првите младински олимписки игри Сингапур 2010. Со овој резултат, нашиот најдобар млад стрелец освои и минимална квота за учество на Летните олимписки игри Лондон 2012 година и Македонскиот олимписки комитет верува дека со стручна и напорна работа и добри подготовки (кои МОК ќе и ги обезбеди) Дијана Петрова ќе продолжи да напредува и да се надградува како врвен спортист и потенцијален кандидат за ЛОИ ЛОНДОН 2012 (повеќе...).
Македонскиот олимписки комитет и понатака одлучно ќе продолжи да инвестира и да ги финансира нашите млади и талентирани врвни спортисти односно нивните подготовки и нивното учество на врвните светски натпревари и верува дека со посветена, напорна и стручна работа врвните спортски резултати на овие млади спортисти нема да изостанат.
|