ОДРЖАН ОЛИМПИСКИ ДЕН ТЕТОВО 2009
Македонскиот олимписки комитет, во рамките на својата меѓународна активност, во Тетово, на 6/3/2009 година, одржа Олимписки Ден.

Во оваа прилика на основните училишта, Претседателот на Македонскиот олимписки комитет, Д-р Васил Тупурковски, им подели спортски реквизити и спортска литература.
 Во повеќе основни училишта во општина Тетово беа одржани натпревари во неколку спортски гранки, а учениците учествуваа во бројни спортски, литературни и ликовни натпревари на тема „Олимпизмот во 21 век“. Учениците со своите прилози искажани низ творби, песни и цртежи дадоа голем придонес кон популаризацијата на олимпиското движење во Македонија.


Централните прослави беа одржани во ОУ „ЛИРИЈА“ и ОУ „Гоце Делчев“ - Тетово. На најуспешните екипи, ликовни и литературни остварувања МОК им предаде награди и дипломи. Организацијата на Олимпискиот Ден беше искористена и за промоција на новото издание на МОК, стрипот „ОЛИМПИСКО ПРИМИРЈЕ“, печатен на македонски и албански јазик.
 Целта на Зимските Олимписки денови е во општините во Република Македонија, овој пат во Тетово, да заживее духот на олимпизмот, спортот, образованието, културата и екологијата.









|