|
|
|
|
Владимир Богоевски во Турција-Последни подготови пред почетокот на ЕМОФ |
|
15-05-2011 |
|
Владимир Богоевски во Турција Последни подготови пред почетокот на Европскиот младински олимписки фестивал |
|

|
|
Во периодот 23-30 Јули 2011 година, во Трабзон, Турција ќе се одржи Летниот Европски младински олимписки фестивал на кој ќе настапи и Македонскиот олимписки комитет. По тој повод и на покана од домаќинот на игрите, во Трабзон престојуваше спортскиот директор на Македонскиот олимписки комитет, г-динот Владимир Богоевски.
За време на престојот, г-динот Богоевски од блиску се запозна со извонредната спортска инфраструктура која ќе се користи за време на фестивалот во Трабзон, со сместувачките капацитети, логистиката, транспортот и со останатите придружни работи неопходни за одлична организација на фестивалот.
Врз основа на пријава од страна на Националните спортски федерации, Македонија односно Македонскиот олимписки комитет на овие игри ќе настапи со своја екипа во четири спорта кои беа одредени на последниот официјален состанок, одржан на 28 февруари 2011 година. |
|
|
| Назад |
|
|
|
|
|