Контакт

Одржан состанок на генералните секретари на Европските олимписки комитети

 08-05-2011

Одржан состанок на генералните секретари на Европските олимписки комитети
НОВА ПОДДРШКА ЗА МАКЕДОНСКИОТ СПОРТ

Во периодот 5-7 Мај, во Порторож, Словенија се одржа 32-иот состанок на Генералните секретари на Европските олимписки комитети (ЕОК). Овој настан од страна на МОК беше искористен за договарање на нова помош за развој на македонскиот спорт. Овој пат многу блиски односи беа воспоставени со Францускиот и Романскиот олимписки комитет од кои МОК ќе добие помош во повеќе спортови, преку развој на стручниот кадар, но и во развој на спортската администрација.

Од страна на Германскиот и Италијанскиот олимписки комитет беше потврдено двостраното задоволство од одличната соработка, но и наговестување за зголемување на помошта која МОК ја добива од овие две држави. Состанок беше одржан и со Шефот за развој на тренерскиот кадар на Олимписка солидарност, Јасин Јусфи, со кој беа договорени и одобрени нови проекти за развој на тренерскиот кадар во Македонија. Тема на разговор беа и квалификационите норми и подготовките на олимписките делегации за учество на ЛОНДОН 2012. Од страна на експертската група на ЕОК беше презентирана студијата за одржување на првите Европски олимписки игри, според која 87% од ЕОК-и ја поддржуват оваа идеја. Доколку проектот биде одобрен, се предвидува игрите да се оддржуват една година пред Олимписките игри (2015 или 2019), во 12-15 спортови односно во околу 30 спортски дисциплини, со времетраење од 10-14 дена.

Назад

НАРЕДНИ ОЛИМПИСКИ ИГРИ

ЗОИ СОЧИ 2014%07/02/2014
ЗОИ СОЧИ 2014
ЛОИ РИО ДЕ ЖАНЕИРО 2016%05/08/2016
ЛОИ РИО ДЕ ЖАНЕИРО 2016
ЗОИ ПЈОНГЧАНГ 2018%09/02/2018
ЗОИ ПЈОНГЧАНГ 2018
ЗОИ 2014
Sochi 2014