

ПОТПИШАН ДОГОВОР ЗА СОРАБОТКА СО КАТАР

Генералниот секретар на Македонскиот олимписки комитет, д-р Сашо Поповски и Генералниот секретар на Катарскиот олимписки комитет Н.Е. Шеикот Сауд Бин Абдулрахман Ал Тани потпишаа Договор за соработка во областа на спортот која ќе им служи на интересите на двете земји и која отвара можност за користење на исклучително богатата спортска инфраструктура на Катар, размена на тренери и спортисти, размена на стручни знаења од областа на спортската наука и спортската медицина (повеќе...).

За време на состанокот одржан во просториите на Катарскиот олимписки комитет, Д-р Сашо Поповски го нагласи извонредниот развој на спортот во Катар, посебно на неговата спортска инфраструктура, професионализмот и организационата визија при организација на врвни спортски настани (http://www.gulf-times.com/site/topics/article.asp?cu_no=2&item_no=336736&version=1&template_id=49&parent_id=29).




Спортската академија АСПАЈР (www.aspire.qa) совршени услови за тренинг и натпревар
Двете страни се согласија дека заеднички треба да работат на промоција на спортот и развојот на пријателството меѓу Македонија и Катар, посебно во делот на размена на спортските програми за развој на врвниот спорт како и развој, одржување и унапредување на спортската инфраструктура.
Спортската академија АСПАЈР (www.aspire.qa) совршени услови за тренинг и натпревар
Разговори за спортска соработка беа водени и со спортскиот директор на Спортската академија Аспајр, г-дин Вејд Кливс кој е раководител на универзитетска установа со можеби најразвиената спортска инфраструктура во светот.

Спортската академија АСПАЈР (www.aspire.qa) совршени услови за тренинг и натпревар
За потсетување, главниот град на Катар, Доха оваа година е домаќин на светското првенство во атлетика во сала (http://www.doha2010wic.com), а исто така е и кандидат за град домаќин на Светското првенство во фудбал 2022 и Летните олимписки игри 2024 година.

Разговори беа водени и со г-динот Карл Марш, Раководител со Глобалниот Спортски Фонд и Шеф на Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал, кој ја потенцираше досегашната извонредната соработка со Македонскиот олимписки комитет изразувајќи подготвеност да ги прошири заедничките акции на Глобалниот спортски фонд и на Македонскиот олимписки комитет на територијата на Македонија.