Контакт

Средба со врвот на Египетскиот спорт

 16-07-2011

Средба со врвот на Египетскиот спорт 

На 15 Јули 2011, во просториите на МОК, се одржa прес конференција по повод посетата на Претседателот на Египетскиот олимписки комитет, г-дин Махмуд Ахмед Али и Претседателот на Меѓународната ракометна федерација, г-динот Хасан Мустафа на Македонскиот олимписки комитет.

Претседателите на двата пријателски олимписки комитети разговараа за унапредување на соработката меѓу Македонскиот и Египетскиот олимписки комитет при што се договори и потпишување на Договор за соработка меѓу Македонија и Египет, на највисоко, олимписко, ниво.

Со ова нашите спортисти и тренери, во спортовите во кои Египет е светска сила ќе можат да соработуваат и да ги користат услугите на своите египетски колеги.
За време на состанокот имаше и презентација на кандидатурата на градот Александрија, кој е кандидат за град домаќин на Медитеранските игри 2017 година.

Оваа средба беше искористена и за разговор со Претседателот на Меѓународната ракометна федерација, г-динот Хасан Мустафа во насока на намерите на МОК, да го имаме првото учество на машката ракометна репрезентација на Олимписките игри во ЛОНДОН 2012.

Во тој контекст и претседателот на Ракометната федерација на Македонија, г-дин Михајло Михајловски се заблагодари на досегашната поддршка која МОК ја дава на РФМ, во надеж дека таа соработка ќе продолжи на највисоко можно ниво.

Назад

НАРЕДНИ ОЛИМПИСКИ ИГРИ

ЗОИ СОЧИ 2014%07/02/2014
ЗОИ СОЧИ 2014
ЛОИ РИО ДЕ ЖАНЕИРО 2016%05/08/2016
ЛОИ РИО ДЕ ЖАНЕИРО 2016
ЗОИ ПЈОНГЧАНГ 2018%09/02/2018
ЗОИ ПЈОНГЧАНГ 2018
ЗОИ 2014
Sochi 2014