Контакт

МАЛИ ОЛИМПИСКИ ИГРИ 2011

 25-05-2011
 


МОК и општините од Источна Македонија продолжуват со организација на
МАЛИ ОЛИМПИСКИ ИГРИ 2011

По успешно организираните игри на територијата на општина Кисела Вода, Македонскиот Олимписки Комитет во соработка со општините од Источна Македонија, во периодот од 23 до 28.05.2011 година (сабота) ќе организираат Мали Олимписки Игри. Свеченото отварање на игрите ќе се одржи на ден 23.05.2011 год. со пригодна програма на учениците од Основно училиште “Ванчо Китанов“, во салата при домот на културата “Јане Сандански“ во Пехчево.

Во рамките на оваа активност, која МОК ќе ја спроведе во тесна соработка со општините Пехчево и Делчево, ќе се одиграт голем број на спортски натпревари помеѓу пријавените екипи кои ќе се одиграат во спортската сала “Јане Сандански“ во Пехчево и спортската сала “Методија Мицевски Брицо“ во Делчево.

Учество во игрите ќе земат учениците од основните и средните училишта од Источниот Регион на Македонија во атлетика, мал фудбал, ракомет и кошарка (за ученици и ученички).
На Малите олимписки игри ќе учествуват основните училишта “Кирил и Методиј“ – Македонска Каменица, “Никола Петров Русински“ – с.Русиново, Берово, “Ванчо Прке“ – Делчево, “Ванчо Китанов“ – Пехчево, “Ванчо Китанов“ - с. Црник, Пехчево, “Симеон Стоилов“ - с.Зрновце, “Кирил и Методиј“ – Делчево, “Дедо Иљо Малешевски“ – Берово и “Кирил и Методиј“ – Делчево како и средните училишта “Ацо Русковски“ - Берово – Пехчево, “Методија Мицевски Брицо“ – Делчево, “Ванчо Прке“ – Виница и “Љупчо Сантов“ - Кочани

За сите победници во сите категории од страна на организаторите ќе бидат доделени награди на завршниот ден од игрите 28.05.2011.година (сабота), кога ќе бидат доделени и наградите за најдобра Олимписка литературна творба, најдобра аматерска Олимписка фотографија и ликовна творба на тема: Олимпизмот и спортот - можност за здрав и плоден живот на младите.

МАКЕДОНСКИ ОЛИМПИСКИ КОМИТЕТ
Назад

НАРЕДНИ ОЛИМПИСКИ ИГРИ

ЗОИ СОЧИ 2014%07/02/2014
ЗОИ СОЧИ 2014
ЛОИ РИО ДЕ ЖАНЕИРО 2016%05/08/2016
ЛОИ РИО ДЕ ЖАНЕИРО 2016
ЗОИ ПЈОНГЧАНГ 2018%09/02/2018
ЗОИ ПЈОНГЧАНГ 2018
ЗОИ 2014
Sochi 2014