Контакт

Медитеранските игри 2013 година нема да се одржат во Грција

 30-01-2011

Медитеранските игри 2013 година нема да се одржат во Грција

НЕМА ИГРИ ВО ВОЛОС!

Меѓународниот комитет на Медитеранските игри (МКМИ) го информира Македонскиот олимписки комитет дека на седницата на Извршниот одбор, одржана на 28 Јануари 2011 година, за прв пат во историјата на Медитеранските игри, донесена е долука, организацијата на Медитеранските игри да биде одземена, во овој случај, од градот Волос, од Грчкиот олимписки комитет и од Грција.

Оваа одлука на Извршниот одбор на Меѓународниот комитет на Медитеранските игри дојде по долгото чекање во однос на започнување на функционирање на Организациониот комитет ВОЛОС 2013 и по пролонгирање на многу крајни рокови кои не беа почитувани од страна на домаќинот. Краен момент на оваа ситуација беше неуспехот на организаторот да се обезбеди минимални финансиски гаранции потребни за организација на самите игри, непочитување на роковите околу изградбата на Олимпиското село и многу други организациони проблеми со кои се соочуваше “домаќинот“. Последниот рок за какви и да се минимални промени од организационен аспект беше пролониран повеќе пати, последен пат на 24 Март 2010 година. Одлуката за доделување на игрите беше донесена пред повеќе од три години односно на 27 Октомври 2007 година, кога градот Волос, Грција доби повеќе гласови од својот тогашен противкандидат градот Риека, Хрватска. Градот Риека (Хрватска) и Хрватскиот олимписки комитет, за сега, остануват на својата позиција да се кандидираат за Медитеранските игри во 2017 година.

Сепак, до 2013 година има доволно време и Меѓународниот комитет на Медитеранските игри донесе одлука да ги прифати кандидатурите на градовите, врз основа на нивна согласност, кои веќе аплицираа да бидат домаќини за игрите во 2013 година, додека некои од нив имаа намера да аплицират за град домаќин во 2017 година. Тоа се градовите Мерсин (Турција), Тарагона (Шпанија) и Триполи (Либија) кои ќе се борат да ја добијат организацијата на Медитеранските игри во 2013 година. Овие три града, заедно со и преку нивниот Национален олимписки комитет, имаат рок од 15 дена да поднесат кандидатура која мора да биде целосно и финансиски поддржана од нивната соодветна Влада.

МОК веќе стапи во контакт со претседателот на Меѓународниот комитет на Медитеранските игри, г-динот Амар Адади кој информира дека на почетокот на месец март, Комитетот ќе се обрати до Македонскиот олимписки комитет како полноправен член на Генералното Собрание, да го даде својот глас за еден од трите погоре наведени градови-кандидати за домаќин на 17-тите Медитерански игри, во 2013 година.

Назад

НАРЕДНИ ОЛИМПИСКИ ИГРИ

ЗОИ СОЧИ 2014%07/02/2014
ЗОИ СОЧИ 2014
ЛОИ РИО ДЕ ЖАНЕИРО 2016%05/08/2016
ЛОИ РИО ДЕ ЖАНЕИРО 2016
ЗОИ ПЈОНГЧАНГ 2018%09/02/2018
ЗОИ ПЈОНГЧАНГ 2018
ЗОИ 2014
Sochi 2014