Контакт

Олимписки конгрес 2009

 29-01-2009
 

                                                                           

                                              ОЛИMПИСКИ КОНГРЕС 2009
 
        (Последен рок за пријавување на текстови, предлози, коментари - 1 Март 2009 година)

Чувствувањето на пулсот на Олимпиското движење и анализата и проценката на можностите и ризиците со коишто се соочува Олимпиското движење, се само дел од предизвиците кои ќе бидат во центарот на вниманието и предизвик за претстојниот Олимписки конгрес кој ќе се одржи во Копенхаген, Данска, 3-5 октомври 2009 година. 

                                                              ЗА МАКЕДОНСКАТА ЈАВНОСТ!

Сите граѓани на Република Македонија, до 1 март 2009 година, поканети се да дадат свој придонес кон виртуелниот Олимписки конгрес.

Сите граѓани на Република Македонија, преку интернет, можат да поднесат најмногу до два коментара, кои ќе бидат земени во предвид во 2009 година, во рамките на статистичките трендовски анализи, по завршувањето на фазата за поднесување на коментарите (1 март 2009 година). 

                                                                          

Од претходниот Олимписки конгрес, по повод 100 годишницата на модерниот олимпизам, одржан во Париз 1994, светот се промени. Додека главната грижа, на претходниот конгрес, беше да се сочува интеграцијата на сите основачи на Олимпиското движење, на овој конгрес, во 2009 година, предизвикот ќе биде сосема поинаков. Изготвениот концепт којшто ќе ги поврзе сите пет одбрани теми по повод олимпискиот собир е: Улогата на Олимпиското движење во општеството и во сите области во светот. 
                                                                                                                                      

За да учествувате во виртуелниот Олимписки конгрес, се што треба да направите е да контактирате со секретаријатот на конгресот и да се регистрирате. Штом добиете валидна регистрација, можете да ги поднесете вашите предлози и коментари. Секој поединец кој мисли дека со својата тема или со својот коментар може да даде придонес кон подобра реализација на конгресот, може да го стори тоа со регистрација на веб страната: http://www.2009congress.olympic.org/en/Pages/RegistrationforthePublic.aspx.

                                                                        
                                                                                Регистрирај се тука!

Главните трендови коишто ќе се појавуваат во текстовите, а кои доаѓаат од јавноста, на веб страната на Меѓународниот олимписки комитет (
www.olympic.org) ќе можат да се најдат во 2009 година.

Темите се одбрани како што следат:
Тема 1: Спортисти
-Односот помеѓу спортистите, клубовите, федерациите и националните олимписки комитети (НОК);
-Здравствена заштита во текот на тренажниот процес и натпреварувањето;
-Социјалниот и професионалниот живот на спортистите за време и по завршувањето на врвните натпревари;

Тема 2: Олимписки игри
- Како да се одржат Игрите како примарен настан?
- Олимписки вредности;
- Развиени земји и земји во равој;

Тема 3: Структурата на Олимпиското движење
- Автономноста на Олимпиското движење;
- Добро владеење и етика;
- Врските помеѓу Олимпиското движење и сите оние кои го поддржуваат;

Тема 4: Олимпизмот и младите
- Движејќи се кон активно општество;
- Дали натпреварувачкиот спорт е сеуште привлечен?
- Младински спортски настани;

Тема 5: Дигиталната револуција
- Ново менаџирање на спортските права;
- Како да се зголеми бројот на спортската публика?
- Комуникација со поддржувачите во дигиталната ера;

Што треба да направите?
Лично да придонесете за успешна реализација на виртуелниот Олимписки конгрес е навистина лесно! Отворете ја веб страната www.2009congress.olympic.org, регистрирајте се, и придонесете online со најмногу 2 од петте теми за конгресот.

Ова е првата фаза во процесот во организацијата на Олимпискиот конгрес, кој ќе се одржи во Копенхаген, Данска од 3-5 Октомври 2009 година.
До 1 март 2009 година, поканети се и членовите на Олимпиското семејство да дадат свој придонес кон Олимпискиот конгрес преку екстранетот поставен за оваа прилика. Целта на виртуелниот Олимписки конгрес е да собере максимален придонес од Олимпиското семејство. Пред објавувањето, сите предлози и коментари ќе бидат прочитани од страна на Уредничкиот комитет на конгресот, со што ќе се одреди тенденционен правец за принципијални препораки коишто потоа ќе се дискутираат на конгресот.

                                                                        

Основи за дискусија
Виртуелниот олимписки конгрес е важен дел од подготвителниот процес за организација на 13-иот Олимписки конгрес. Информациите коишто ќе се соберат преку виртуелниот конгрес ќе ја формираат базата за дискусии на 13-тиот Олимписки конгрес кој ќе се одржи во Копенхаген, Данска, 3-5 октомври 2009 година.

Учесници на Конгресот ќе бидат:
- Членови на Меѓународниот олимписки комитет;
- Почесни членови на Меѓународниот олимписки комитет;
- Претставници на меѓународните спортски федерации и националните олимписки комитети;
- Организационите комитети на олимписките игри;
- Спортисти и спортски работници (тренери, лекари и медицински персонал);
- Судии и технички официјални лица;
- Олимписките партнери на Меѓународниот олимписки комитет;
- Медиуми.

Членови на комисијата
- Д-р Жак Рог – Претседател
- Г-дин Јозеф Блатер
- Г-ѓа Елс ван Бреда Врисман
- Сер Филип Крејван, МБЕ
- Г-дин Ламин Дијак
- Г-дин Ги Друт
- Г-дин Џејмс Л. Истон
- Г-дин Рене Фазел
- Г-дин Бруно Гранди
- Г-дин Зенлианг Хе
- Г-дин Патрик Џозеф Хики
- Г-дин Каи Холм
- Г-дин Тони Нури
- Д-р Робин Е. Мичел
- Г-дин Карлос Артур Нузман
- Г-дин Виталиј Смирнов
- Г-дин Волтер Трегер


                               ДОБРЕДОЈДОВТЕ ВО ВИРТУЕЛНИОТ ОЛИМПИСКИ КОНГРЕС

                                                                                    
  
                                                      МАКЕДОНСКИ ОЛИМПИСКИ КОМИТЕТ

Назад

НАРЕДНИ ОЛИМПИСКИ ИГРИ

ЗОИ СОЧИ 2014%07/02/2014
ЗОИ СОЧИ 2014
ЛОИ РИО ДЕ ЖАНЕИРО 2016%05/08/2016
ЛОИ РИО ДЕ ЖАНЕИРО 2016
ЗОИ ПЈОНГЧАНГ 2018%09/02/2018
ЗОИ ПЈОНГЧАНГ 2018
ЗОИ 2014
Sochi 2014