|
|
|
|
ОЛИМПИСКИ ДЕН 2011 |
|
20-06-2011 |

|
   ОЛИМПИСКИ ДЕН 2011 !

|
|
На 23 јуни 2011 година се одржа Олимпискиот ден, организиран од МОК, во партнерство со МcDonald's, а активноста беше поддржана од општината Аеродром. По првите звуци на македонската химна, на присутните им се обрати и ги поздрави претседателот на МОК, д-р Васил Тупурковски. По кратка пауза и изведба на неколку песни на Градскиот дувачки оркестар, следуваше изведба на нашиот најпопуларен пејач Влатко Илиевски. Олимпискиот ден се одржа на бул. Јане Сандански, а за секој учесник што стигна на целта, МОК и МcDonald's обезбедија бесплатни маици, хамбургери, пити, пијалаци и диплома потпишана од претседателот на ИОК, д-р Жак Рог. |
|






|
|
Олимписки ден на трчањето е глобална активност на Олимпиското движење со која се промовира масовниот спорт и традиционално се одржува во месец Јуни под покровителство на националните олимписки комитети. Меѓународниот олимписки комитет е официјално формиран на 23 Јуни 1894 година и како сеќавање на денот на формирањето, за прв пат 1987 година е организиран Олимпискиот ден на трчањето. Во целиот свет, настанот е поддржан и организиран од 205 национални олимписки комитети и нивните партнери и од минатата година се нарекува едноставно Олимписки ден. |
|
| Назад |
|
|
|
|
|