|
ОБЈАВЕН СПИСОКОТ НА ВАЈЛД КАРТИ
Во насока на информирање на јавноста за работата на Македонскиот олимписки комитет, посебно во однос на евентуалното добивање на т.н. вајлд карта, го даваме следното соопштение:
Врз основа на одлука на Спортскиот директориум, Македонскиот олимписки комитет, на 14 ноември 2007 година, до Меѓународниот олимписки комитет испрати список на спортисти од Република Македонија кои можат да конкурират за добивање на вајлд карта и тоа:
-
Предраг Русевски - тенис
-
Вели Мумин – бокс (олимписки стипендист)
-
Примислав Димовски - бокс
-
Љуљзим Вранези – борење (олимписки стипендист)
-
Дејан Богданов – борење (олимписки стипендист)
-
Атанас Николовски – кајак на диви води (олимписки стипендист)
-
Роберт Папазов – кајак на диви води
-
Јоже Јованов – велосипедизам
Дополнително, Македонскиот олимписки комитет и Стрелачката федерација на Македонија дирерктно побараа од Меѓународната стрелачка федерација вајлд карта за Сашо Несторов (освоена „Б“ олимписка норма).
Директно право на покана за учество од ФИНА и ИААФ имат двајца спортисти (по еден во машка и женска конкуренција) во атлетика и пливање.
Во пливање, право на покана ќе има само оној спортист кој има реализирано учество на ФИНА Светското првенство, одржано 2007 година во Мелбурн и има најдобар национален резултат според табелата на ФИНА за 2008 година.
Во атлетика, право на покана ќе има оној спортист кој има најдобар резултат според табелата на ИААФ.
Македонскиот олимписки комитет секогаш и во целост ги почитува правилата на Меѓународниот олимписки комитет, а со тоа и на Меѓународните спортски федерации кои се негови членки.
За какви и да се дополнителни информации поврзани со горе наведеното, Македонскиот олимписки комитет е целосно на располагање во однос на разјаснување на сите нејасни ситуации.
Генерален секретар Д-р Сашо Поповски
|