|
 Продолжуват подготовките за ЛОНДОН 2012

Нашиот најдобар боксер во моментот Примислав Димовски заедно со својот тренер Руждија Калач ќе учествуват на традиционалниот боксерскиот турнир “ЗЛАТНА РАКАВИЦА“ (Република Србија), кој ќе се одржи во периодот 18-20 март 2010 година. На овој турнир кој што се одржува по 52-ри пат, ќе бидат присутни и многу боксери кои што го претставуват врвот на светскиот бокс и тоа ќе биде убава шанса за проверка на формата на нашиот најдобар боксер.
Оваа активност на Примислав Димовски е дел од проектот ЛОИ ЛОНДОН 2012 и е во склоп со подготовките на Примислав Димовски и Вели Мумин за Европското Првенство кое треба да се одржи во Москва (Русија), нешта кои се договорени и целосно подржани од страна на Македонскиот олимписки комитет.
Вели Мумин не учествува на оваа светска манифестација затоа што неговата категорија не е предвидена со програмата на овој турнир.
|