Контакт

ПОЧИНА Г-ЃА ЈУНИС КЕНЕДИ ШРАЈВЕР, ОСНОВАЧОТ НА СПЕЦИЈАЛНАТА ОЛИМПИЈАДА

 18-08-2009
 

 ПОЧИНА Г-ЃА ЈУНИС КЕНЕДИ ШРАЈВЕР, ОСНОВАЧОТ НА СПЕЦИЈАЛНАТА ОЛИМПИЈАДА

Македонскиот олимписки комитет со големо жалење ја прими тажнaтa вест за смртта на г-ѓа Јунис Кенеди Шрајвер, основачот на Специјална Олимпијада која почина на 11 Август 2009 година, на 88 години во болницата во Масачусетс, опкружена со нејзината најблиска фамилија.
                                          

Јунис Кенеди Шрајвер беше истакнат лидер во светската борба за подобрување и унапредување на животот на Лицата со Интелектуална попреченост. Родена во импозантната фамилија Кендиеви, како петто од деветте деца, Јунис имаше силна поврзаност со нејзината сестра Розмери, Лице со интелектуална попреченост. Гледајќи ги секојдневните борби, посетите на институциите, а пред се недостигот на можности за лицата како нејзината сестра, беа повеќе од доволна инспирација за оваа голема жена да го започне огромното движење- Специјална Олимпијада.

Во последните 40 години, Специјална Олимпијада прерасна од едно скромно дружење во домот на Г-ѓа Шрајвер во најголемото светско движење посветено на промовирање на почит, прифаќање, повторно вклучување во секојдневниот живот и враќање на човечкото достоинство на Лицата со Интелектуална попреченост. Денес 3 милиони спортисти во повеќе од 180 земји низ целиот свет уживаат во благодетите кои им ги носи Специјална Олимпијада, меѓу кои и спортиститие на Специјална Олимпијада Македонија.

Таа беше редовен посетител на натпреварите и регионалните игри на Специјална Олимпијада Европа-Евроазија, меѓу кои и Регионалните Игри 2004 година во Босна и Херцеговина на кои посебна чест имаше тимот на Специјална Олимпијада Македонија да се запознае, дружи и инспирира од Г-ѓа Шрајвер, од нејзината незаситна енергија, нејзината постојана посветеност и над се нејзината огромна љубов кон спортистите. 
                                     
                         Специјална Олимпијада Македонија и Јунис Кенеди Шрајвер (Рег. Олимп. Игри БиХ 2004 година)

Јунис Кенеди Шрајвер ни остава длабоко и вечно наследство на сите нам. Специјална Олимпијада не само што го промени животот на милиони спортисти, но има и големо влијание во оформување на јавното мнение за Лицата со посебни потреби и влијание на социјална промена и повторно вклучување во секојдневниот живот.

За повеќе информации за незјиниот живот , мисија и како го промени светот Ве покануваме да ја посетите веб страната: www.eunicekennedyshriver.org

Назад

НАРЕДНИ ОЛИМПИСКИ ИГРИ

ЗОИ СОЧИ 2014%07/02/2014
ЗОИ СОЧИ 2014
ЛОИ РИО ДЕ ЖАНЕИРО 2016%05/08/2016
ЛОИ РИО ДЕ ЖАНЕИРО 2016
ЗОИ ПЈОНГЧАНГ 2018%09/02/2018
ЗОИ ПЈОНГЧАНГ 2018
ЗОИ 2014
Sochi 2014