|

ЗАЕДНИЧКА СОРАБОТКА ЗА ПОУСПЕШНО БОРЕЊЕ ВО МАКЕДОНИЈА
Денес во Агенцијата за млади и спорт се одржа прес конференција по повод заедничката соработка во делот на борењето и враќањето на успешните патеки на овој спорт во наредните олимписки циклуси.
 Претседателот на Македонскиот Олимписки Комитет, Д-р Васил Тупурковски изрази задоволство во делот на враќањето на овој спорт на успешните патеки и додаде дека заедно со Агенцијата за млади и спорт, Федерацијата за боречки спортови на Македонија и приватниот сектор заедно ќе работат во успешност за боречкиот спорт во делот на наредните олимписки циклуси и обезбедување квалитетни услови за нашите борачи.
Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Драган Ѓурчевски истакна дека со изградбата на спортските сали ќе им се овозможи на борачите да ги имаат сите потребни услови за тренирање. Најсвеж пример е салата ”Методија Андонов-Ченто” во Општина Гази Баба каде што моментално почна да тренира репрезентативецот Дејан Митров. Во продолжение додаде дека со пуштањето на спортската сала во населбата Сењак во Штип, истите услови ќе им се овозможат и на репрезентативецот Дејан Богданов и на другите борачи од Штип.
Претседателот на Боречката федерација на Македонија Чедо Николовски се заблагодари за обезбедувањето на условите на нашите спортисти-борачи и истакна дека со овие услови репрезентативците ќе може да атакуваат на олимписка норма, а не како порано преку вајлд-карта.
|