
РИО – ГРАД ДОМАЌИН НА ОЛИМПИСКИТЕ ИГРИ 2016
Врз основа на гласовите добиени за време на 121-та Сесија на ИОК, градот Рио де Жанеиро е избран за град домаќин на 31-те олимписки игри 2016 година. Градот Рио, од страна на членовите на ИОК, доби 66 гласа, додека противкандидатот во финалниот круг, градот Мадрид доби 32 гласа.

Во оваа прилика, претседателот на ИОК, г-динот Жак Рог изјави: „Му честитам на градот Рио за изборот да биде град домаќин на 31-те олимписки игри 2016 година. Рио на ИОК му се претастави со силна техничка понуда, изградена врз основа на една визија за Олимписки Игри кои ќе бидат изградени на темелите на славењето на спортистите и спортот како и обезбедување на широки можности за градот, регионот и државата како можност да се испорача поширока и долгорочна светла иднина. Мотото на Рио „Живеј ја страста“ прецизно ја изразува определноста на бразилците и искрено се радуваме на фактот дека градот Рио за прв пат ќе организира Олимписки игри на тлото на Јужна Америка. Одлично сторено Рио“.

Инаку, се предвидува натпреварите во Рио де Жанеиро да се одржуват во четири зони: Бара, Копакабана, Деодоро и Маракана. Половина од вкупниот број на спортисти кои ќе бидат сместен во Олимпиското село ќе можат да стигнат до спортските објекти за 10 минути, а 75% за помалку од 25 минути.

Од вкупно 34 натпреварувачки објекти 18 се веќе оперативни, 8 треба да се модернизират, 7 ќе бидат изградени со привремено постоење и 9 ќе бидат изграедни како долготрајно наследство.

Инаку членовите на ИОК избираа град домаќин за 31-те игри 2016 година помеѓу градовите Рио, Мадрид, Токио и Чикаго.
Резултати од гласањето:
Прв круг
1. Мадрид 28 гласа
2. Рио 26 гласа
3. Токио 22 гласа
4. Чикаго 18 гласа
Втор круг
1. Рио 46 гласа
2. Мадрид 29 гласа
3. Токио 20 глса
Трет круг
1. Рио 66 гласа
2. Мадрид 32 гласа
___________________________________________________________________________________
ЗАПОЧНА 13-ИОТ ОЛИМПИСКИ КОНГРЕС
(Копенхаген, 2 Октомври 2009 година)
13-иот Олимписки конгрес на ИОК започна со повик за акција на Претседателот на ИОК, г-динот Жак Рог, додека главно обраќање до делегатите имаше Генералниот секретар на Обединетите нации, г-динот Бан Ки-мун.

Г-динот Жак Рог им се обрати на делегатите со зборовите дека нивна главна задача е да обезбедат интелектуална рамка со која ќе го помогнат зајакнувањето и унапредувањето на Олимпиското движење. Под мотото „Олимпиското движење и општеството“, тридневниот конгрес ќе допре теми како што се олимписките спортисти, Олимписките игри, структурата на Олимпиското движење, Олимпизмот и младите и дигиталната револуција. За прв пат во историјата на Олимпизмот и светската јавност е вклучена во работата на конгресот. Првиот Олимписки конгрес е одржан во 1894 година под раководство на 31-годишниот Пјер де Кубертен, во насока на исполнување на неговиот сон за обновување на античките Олимписки игри. Последниот конгрес се одржа пред 15 години во Париз.

Сите оние кои имаат доппирни точки со Олимпизмот се во Копнехаген, вклучувајќи ги Меѓународните спорски федерации, Националните олимписки комитети, врвни тренери, спортисти, академици, специјалисти по спортска медицина, претставници на јавниот секторневладини организации, претставници на медиумите и слично. Нивните препораки ќе бидат слушнати и испратени до Управното тело на ИОК и другите релевантни фактори.

Поранешните спортисти Френки Фредерикс и Александар Попов ја започнаа првата тема, „Спортистите“, со своите лични примери за силата на спортот. „Спортот го промени мојот живот. Она што сум денес се должи на спортот, она што го изградив, она што го открив, она што го постигнав, сето тоа е благодарејќи на спортот. Ние ја имаме одговорноста да им го пренесеме тоа на младите генерации, да им пренесеме дека спортот е извонредно животно искуство“, изјави Френки Фредерикс.
