|
|
|
|
Пуштена во употреба првата олимписка атлетска патека во Македонија - Потпишан договор за соработка во областа на спортот меѓу MOK и Украинскиот олимписки комитет |
|
18-05-2010 |

 
Потпишан договор за соработка во областа на спортот меѓу Македонскиот и Украинскиот олимписки комитет

Денес во просториите на МОК, беше потпишан билатерален договор за соработка во областа на спортот помеѓу Македонскиот и Украинскиот олимписки комитет. Договорот го потпишаа претседателот на МОК, Др. Васил Тупурковски и претседателот на УОК, г-динот Сергеј Бубка.  На потпишувањето на договорот присуствуваше и Амбасадорот на Република Украина во Македонија, Н.Е. Јуриј Гончарук.
Со овој договор МОК обезбеди Националните спортски федерации од Македонија и пред се македонските спортисти и тренери да добијат спортска помош од страна на своите украински колеги и да можат бесплатно да ја користат оваа услуга, а и бесплатно ќе можат да ја користат и копмлетната спортска инфраструктура во Украина.  Ова е еден од низата меѓународни договори кои МОК ги потпиша во последно време, а најголемиот корисник на овие договори се токму националните спортски федерации и македонските спортисти. Само да потсетиме дека врз основа на ваков сличен договор Вели Мумин и Примислав Димовски заедно со ниовниот тренер Руждија Калач ќе заминат на подготовки во Италија, пред започнувањето на Европското Првенство во бокс (Москва, Русија).  Претходно (16/5/2010 година), г-динот Сергеј Бубка, кој во исто време е член на Меѓународниот олимписки комитет и потпретседател на Меѓународната атлетска федерација, заедно со претседателот на Македонскиот олимписки комитет, Др. Васил Тупурковски, претседателот на Атлетската федерација на Македонија, г-динот Цветко Грозданов, министерот за транспорт и врски, г-динот Миле Јанакиевски и директорот на Агенцијата за млади и спорт, г-динот Диме Спасов, во Охрид (стадион Билјанини извори), свечено ја отворија првата олимписка атлетска патека во Македонија. 
|
| Назад |
|
|
|
|
|