|
|
ВЕСТИ |
|
СПОРТСКА СОРАБОТКА МЕЃУ МОК И БОК |
21-12-2009 |
 |
  СПОРТСКА СОРАБОТКА МЕЃУ МОК И БОК
Спортскиот директор на Македонски олимписки комитет, г-дин Владимир Богоевски, на покана на Бразилскиот олимиски комитет беше во повеќе дневна посета на оваа спортска земја. Рио де Жанеиро ќе биде домаќин на летните олимписки игри 2016 година, кога по 30 пат ќе се собере целиот спортски свет, а нашите желби се МОК да има бројна спортска делегација.  Покрај приемот кај претседателот на Бразилскиот олимиски комитет, Нузман, и спортскиот директор Маркус Венициус, Богоевски имаше средба и разговори со целиот спортски тим, кој го води спортот во оваа 150 милионска држава.  Македонскиот олимиски комитет и Бразилскиот олимипски комитет договорија протокол за билатерална соработка, во кој е забележана можноста нашата земја да ги користи бразилските репрезентативци, тренери и спортски кампови за подготовки на нашите спортисти и обука на тренерскиот кадар.  Во овој период, во организација на Бразилскиот олимписки комитет се одржаа и финалните борби на училишните олимписки игри, за ученици во средните училишта на возраст од 15-17 години. Бројката е уште поимпозантна, ако се земе во предвид, дека натпреварите се одвивале помеѓу 30.000 училишта. На финалните борби, учествувале 4700 спортисти во 9 спортови. Со ова, се потврди дека спортот во Бразил е одлично организиран и дека со добра селекција и стручна работа бразилците не треба да стравуваат за својата спортска иднина.
|
| Назад |
|
|
|
|