|
|
|
|
Паскоски со Диплома на ИОК |
|
05-05-2010 |

    
ПАСКОСКИ СО ДИПЛОМА НА ИОК Прв џудо тренер во Македонија – со лиценца на ИОК
Во периодот 29 април – 4 мај 2010 година, во организација на Меѓународниот и Американскиот олимписки комитет, се одржа полагање на испит за лиценцирани тренери на кој учествуваше и селекторот на Македонската Џудо репрезентација, г-динот Игор Паскоски, за кого Македонскиот олимписки комитет обезбеди учество и стипендија за двомесечен престој во САД како и за завршното полагање на испитот во Лозана, Швајцарија.
 Иан Веитерс (Меѓународна џудо федерација), Каролина Бајон (Директор на Американскиот олимписки комитет) и Игор Паскоски (селектор на Македонската џудо федерација) по испитот во Лозана
Пред тричлената комисија составена од претставници на ИОК, Меѓународната Џудо федерација и Универзитетот Делавер (САД), Пашкоски успешно го одбрани својот труд “Развој на годишна тренинг програма за подготовка на елитни џудисти за врвните спортски натпревари“ и стана прв тренер во Македонија со лиценца на ИОК, на Американскииот олимписки комитет и Универзитетот Делавер.
 Директорот на програмата за обука на тренери на ИОК, Јасин Јусфи му ја врачува дипломата на Игор Паскоски
Минатата година, исто така во организација на Македонскиот олимписки комитет, во Колорадо Спрингс, на г-динот Игор Паскоски пред тричлена комисија му беше доделен црн појас (трет ДАН). Претседател на Комисијата беше Иан Веитерс од Барбадос, кој е овластен инструктор и тренер на Меѓународната Џудо федерација и потпретседател на Џудо Федерацијата на Барбадос.
Македонскиот олимписки комитет продолжува и понатаму да инвестира во нашите тренери и ова сигурно ќе биде еден силен импулс за понатамошниот развој на тренерскиот кадар на Џудо федерацијата на Македонија и воопшто голема помош за развојот на џудото во нашата држава.
|
| Назад |
|
|
|
|
|