Контакт

ПУЈОВСКИ НА УСОВРШУВАЊЕ ВО ДАНСКА

 04-01-2010
 


ПУЈОВСКИ НА УСОВРШУВАЊЕ ВО ДАНСКА

Најперспективниот македонски натпреварувач во бадминтон, Васил Пујовски ќе помине два месеца на тренинг во еден од најдобрите бадминтон-клубови во Европа. Тоа воедно е и матичен клуб на првиот бадминтон-рекет во Европа и четврторангиран на светската ранг-листа, Данецот, Питер Гаде. Васил Пујовски имаше и официјална средба со генералниот секретар д-р Сашо Поповски и со спортскиот директор на Македонскиот олимписки комитет, г- дин Владимир Богоевски кои на младиот Пујовски му ги презентираа договорените детали за неговиот двомесечен престој во Данска.
                     
Во организација на Македонскиот олимписки комитет, а во соработка со Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) и Бадминтон-федерацијата на Македонија, од почетокот на јануари до крајот на февруари идната година, Пујовски ќе тренира во Данска под надзор на стручен тим, кој ќе му обезбеди специјален интензивен тренажен процес во насока на негово натамошно спортско усовршување во овој спорт. 
                     
Престојот во Данска е прв од трите предвидени циклуси поддржани од Македонскиот олимписки комитет за реализација на тренажната програма на Пујовски надвор од нашата земја за 2010 година. На младиот Пујовски, кој е македонска олимписка надеж, ова ќе му биде ново големо искуство во развојот на неговата спортска кариера.
                    

Назад

НАРЕДНИ ОЛИМПИСКИ ИГРИ

ЗОИ СОЧИ 2014%07/02/2014
ЗОИ СОЧИ 2014
ЛОИ РИО ДЕ ЖАНЕИРО 2016%05/08/2016
ЛОИ РИО ДЕ ЖАНЕИРО 2016
ЗОИ ПЈОНГЧАНГ 2018%09/02/2018
ЗОИ ПЈОНГЧАНГ 2018
ЗОИ 2014
Sochi 2014