
Во авионска несреќа, загина Претседателот на Полскиот олимписки комитет
Претседателот и Генералниот секретар на Македонскиот олимписки комитет, Васил Тупурковски и Сашо Поповски упатија телеграма со сочуство до Генералниот секретар на Полскиот олимписки комитет, г-динот Адам Кржешински по повод авионската несреќа во која животот покрај Претседателот на Република Полска, Лех Качински, го загуби и Претседателот на Полскиот олимписки комитет, г-динот Пјотр Нуровски.

“Г-динот Нуровски беше голем промотер на олимпиското движење и голем пријател на Македонскиот олимписки комитет. Во овие тешки моменти за Полскиот олимписки комитет, ние искрено сочуствуваме со вас и со целиот полски народ“ – стои меѓу другото во телеграмата испратена до Полскиот олимписки комитет.