МАКЕДОНИЈА ПОД РЕДЕН БРОЈ 13 НА СВЕЧЕНОТО ОТВOРАЊЕ НА
ЛОИ ПЕКИНГ 2008
Македонската олимписка делегација како 13-та ќе настапи на свеченото отвoрање на ЛОИ ПЕКИНГ 2008. Националните олимписки екипи, на свеченото дефиле ќе настапат по редослед поставен според кинеската транскрипција, а по разговорите водени со Организациониот комитет на Олимписките игри ПЕКИНГ 2008 и официјално сме известени дека ќе настапиме под своето уставно име РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА.
Сепак, и натаму според англиската и/или француската транскрипција ќе настапиме под привремената референца која се користи во Обединетите нации, а според тоа и во Меѓународниот олимписки комитет.


Македонското знаме, во Олимпиското село, е подигнато денес, 5-ти август во 5 часот попладне (11:00 часот по македонско време), а на самиот чин на подигнување на знамето присуствуваше и градоначалникот на Олимпиското село како и Амбасадарот на Република Македонија во Народна Република Кина, Н.Е. г-динот Фатмир Џеладини. На свечената церемонија, најнапред беше подигнато македонското знаме по што следеа знамињата на Бугарија, Суринам, Египет и др. Пригодни поклони разменија Градоначалникот на Олимпиското село и Генералниот секретар на Македонскиот олимписки комитет, Д-р Сашо Поповски.

Во оваа прилика Македонскиот олимписки комитет му се заблагодарува на Н.Е. Амбасадорот Фатмир Џеладини, на Амбасадата на Република Македонија во Пекинг, Народна Република Кина, на Министерството за надворешни работи и на Агенцијата за странски инвестиции на Република Македонија за одличниот прием и за вечерата која беше организирана од нивна страна по повод Националниот празник Илинден (2 Август). Исто така, во чест на подигнување на македонското знаме во Олимпиското село, на 5 август, во хотелот Хајат, од страна на горе споменатите, беше организиран свечен прием за претставниците на Македонската олимписка делегација, но и за дипломатскиот кор, за големите кинески компании и за голем број на кинески новинари.

Информации во врска со настапот на македонските спортисти на ЛОИ ПЕКИНГ 2008, може да се добијат од страна на Генералниот секретар, Д-р Сашо Поповски на телефонскиот број +8613911872669 или на адреса на електронска пошта: мкд@беијинг2008.цн .
Истите редовно ќе бидат обновувани на официјалната веб страна на Македонскиот олимписки комитет.
Meдиумите имат право да превземат информации и слики од веб страната на Македонскиот олимписки комитет, со тоа што на крај од текстот треба да наведеат:
"Информациите (сликите) се превземени од веб страната на Македонскиот олимписки комитет www.mok.org.mk".