Контакт

ГОДИШНИНА – MOK 17-та ГОДИНА

 24-03-2009
                                                            

ГОДИШНИНА –
МОК 17-тa година

На 20 Март 1992 година, на иницијатива на националните спортски федерации, во хотелот Гранд – Скопје формиран е МАКЕДОНСКИОТ ОЛИМПИСКИ КОМИТЕТ.

 

За прв претседател на МАКЕДОНСКИОТ ОЛИМПИСКИ КОМИТЕТ беше избран Д-р Васил Тупурковски, а беше избран и Управен и Надзорен одбор. На церемонијата на формирање на МАКЕДОНСКИОТ ОЛИМПИСКИ КОМИТЕТ беа присутни и тогашниот претседател на Република Македонија, г-динот Киро Глигоров, претседателот на Собранието на Република Македонија, г-динот Стојан Андов, потпретседателот на Владата на Република Македонија, г-дин Блаже Ристевски, потпретседсателите на Собранието на Република Македонија, г-дин Тито Петковски и г-дин Киро Поповски и многу други.

**********************************************************************************
                                                                     17-то СОБРАНИЕ НА МОК -
                                             НОВ МАНДАТ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ТУПУРКОВСКИ

Собранието на Македонскиот олимписки комитет, на својата 17-та седница, со акламација, на Д-р Васил Тупурковски, му искажа доверба за нов четири годишен мандат како претседател на највисокото спортско невладино здружение во Македонија.

                  
 
Официјалните претставници на националните спортски федерации, како и истакнатите спортски работници, во полноправен кворум, со уредно прикажани и заверени полномоштва, ја истакнаа успешната работа и соработка со Македонскиот олимписки комитет, под раководство на Д-р Васил Тупурковски. Претседателот на Македонскиот олимписки комитет најави амбициозна програма во која со голема подддршка на ИОК, ќе бидат реализирани дамнешните цели за реализација на многу подобри спортски резултати на Зимските олимписки игри ВАНКУВЕР 2010 како и на Летните олимписки игри ЛОНДОН 2012.

                    
Признанија на Македонскиот олимписки комитет им беа врачени на г-динот Насе Насев, кој после долги години работа во МОК замина во пензија, како и на Н.Е. Амбасадорот Ерван Фуере, за неговата искрена соработка и помагање на спортот и олимпизмот во Македонија.

                   

Назад

НАРЕДНИ ОЛИМПИСКИ ИГРИ

ЗОИ СОЧИ 2014%07/02/2014
ЗОИ СОЧИ 2014
ЛОИ РИО ДЕ ЖАНЕИРО 2016%05/08/2016
ЛОИ РИО ДЕ ЖАНЕИРО 2016
ЗОИ ПЈОНГЧАНГ 2018%09/02/2018
ЗОИ ПЈОНГЧАНГ 2018
ЗОИ 2014
Sochi 2014