Контакт

МАКЕДОНСКИТЕ ОЛИМПИСКИ НАДЕЖИ НА ЕМЗОФ ШЛАСК БЕСКИДИ 2009

 02-03-2009
 

       
МАКЕДОНСКИТЕ ОЛИМПИСКИ НАДЕЖИ НА ЕМЗОФ ШЛАСК БЕСКИДИ 2009

19.02.2009 година
На Европскиот младински зимски олимписки фестивал, кој се одржува во Шласк Бескиди, Полска во многу тешки временски услови, нашите олимписки надежи ги постигнаа следните резултати:

 
Ана Пајковска (сноуборд) во конкуренција на 40 натпреварувачи го освои 32 место со резултат 1:05:89 (минути) односно со 16,83 секунди заостанување зад победникот. (повеќе...)
Во својот втор настап, во дисциплината ПГС, Ана Пајковска оствари резултат 48:49 секунди, со што не успеа да се квалификува за втората трка. (повеќе...)

 
Поради исклучително лошите временски услови супервелеслаломoт беше откажан, а во дисциплината слалом нашиот претставник Бесар Илјази не успеа да ја заврши трката.
Во својот втор настап, Бесар Илјази, по првата трка не успеа да се пласира меѓу првите 30 и со тоа не успеа да избори настап во втората трка. (повеќе...)

 
Росана Кироска во дисциплината Нордиско трчање, 5 километри - класичен стил, во конкуренција на 71 натпреварувач го освои 65 место. Таа трката ја заврши со време од 26:05:90 минути. Петмина натпреварувачи не ја завршија трката. (повеќе...)
Росана Кироска во својата втора трка, на 7.5 километри – слободен стил, во конкуренција на 62 натпреварувачи го освои 48-то место. Таа трката ја заврши со време од 34:28:50 минути.  Двајца натпреварувачи не ја завршија трката. (повеќе...)
Росана Кироска својата последна трка, спринт 1000 метри, во конкуренција на 59 натпреварувачи ја заврши како 52-то пласирана, со време 4:06:27. (повеќе...)

 
Влатко Филипов не ја заврши својата трка во дисциплината Нордиско трчање, 7.5 километри - класичен стил.
Влатко Филипов, во својата втора трка, на 10 километри – слободен стил, во конкуренција на 81 натпреварувач го освои 73 место. Тој трката ја заврши со време од 33:41:10 минути. Двајца такмичари не ја завршија трката. (повеќе...)
Влатко Филипов, во својата последна трка на ЕМЗОФ, на 1000 метри - спринт, во конкуренција на 70 натпреварувачи го освои 68 место. Тој трката ја заврши со време од 3:38:13 минути. (повеќе...)

Вкупен пласман според бројот на освоени медали. (повеќе...)

Назад

НАРЕДНИ ОЛИМПИСКИ ИГРИ

ЗОИ СОЧИ 2014%07/02/2014
ЗОИ СОЧИ 2014
ЛОИ РИО ДЕ ЖАНЕИРО 2016%05/08/2016
ЛОИ РИО ДЕ ЖАНЕИРО 2016
ЗОИ ПЈОНГЧАНГ 2018%09/02/2018
ЗОИ ПЈОНГЧАНГ 2018
ЗОИ 2014
Sochi 2014