
АТАНАС НИКОЛОВСКИ ГО ОСВОИ 7-ТО МЕСТО
НА СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО ВО КАЈАК НА ДИВИ ВОДИ!
ЧЕСТИТКИ ЗА НАШИОТ НАЈДОБАР КАЈАКАР И ОЛИМПИЕЦ!

-------------------------------------------------------------
ATANAS NIKOLOVSKI PRV VO POLUFINALETO NA SVESKOTO PRVENSTVO VO KAJAK NA DIVI VODI!

Нaшиот најдобар кајакар на диви води, олимпиецот АТАНАС НИКОЛОВСКИ, е на првото место по полуфиналето на Светското првенство во Кајак на диви води кое се одржува во Љубљана, Словенија (патека Тацен), оставајќи зад себе голем број олимписки, светски и европски прваци.
Финалната трка на Светското првенство во Кајак на диви води (К-1) во која ќе настапат најдобрите 10 кајакари од полуфиналето, меѓу кои е и најдобриот во светот (во овој момент) македонскиот олимпиец АТАНАС НИКОЛОВСКИ, ќе започне околу 15:30!
Веруваме дека АТАНАС НИКОЛОВСКИ во финалето нема да разочара, дека ќе даде се од себе и дека ќе постигне одличен резултат.
Преносот од трката може да се следи на линк: Светско првенство во Кајак на диви води (ТВ пренос)
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Нашите најдобри спортисти пред нови предизвици
На 3 септември 2010 година, во просториите на МОК се одржа заедничка прес конференција на која учествуваа претседателот и селекторот на Федерацијата на боречки спортови, Чедо Николовски, селекторот Страшо Глигоров, претседателот на Кајакарската федерација на Македонија, Лазе Поповски како и нашите најдобри спортисти во борење, Дејан Богданов, Дејан Митров и Александар Георгиев и во триатлон Стојан Поповски.

Пресот беше отворен од страна на генереланиот секретар на Македонскиот олимписки комитет, д-р Сашо Поповски кој најнапред ја објави убавата вест за потпишување на партнерски договор на МОК со АЛФА ТВ која во иднина ќе биде главен медиумски спонзор на Македонскиот олимписки комитет.

По оваа информација, од страна на претседателот на ФБСМ, Чедо Николовски, беше презентиран планот на подготовки на нашите најдобри борачи што беше поддржан од МОК. Нашите најдобри борачи ја истакнаа својата подготвеност за претстојното Светско првенство во Москва на кое тие ќе учествуваат со целосна финансиска помош од страна на Македонскиот олимписки комитет за што и Митров, Богданов и Георгиев изразија искрена благодарност за финансиската и логистичката помош што тие континуирано ја добиваат од страна на Македонскиот олимписки комитет.
Македонскиот олимписки комитет исто така во целост обезбеди двонеделни подготовки во Словенија за нашиот најдобар кајакар Атанас Николовски кој од 28 август тренира на патеката Тацен, каде што се подготвува за претстојното Светско првенство во Кајак на диви води. Претседателот Лазе Поповски се заблaгодари на Македонскиот олимписки комитет за помошта што највисокото спортско тело во Македонија во континуитет му ја дава на кајакарскиот спорт и верува дека нашиот најдобар кајакар ќе постигне одличен резултат на претстојното светско првенство. Канцеларијата на Македонскиот олимписки комитет заедно со КФМ се обидува и да обезбеди дополнителна помош во спортска опрема и стручен кадар од страна на Меѓународната кајак федерација, во директни контакти со нејзиниот генерален секретар, Сајмон Тулсон.

Македонскиот олимписки комитет во целост застана и зад нашиот најдобар триатлонец Стојан Поповски кој ќе учествува на претстојното Светско првенство во Будимпешта. Поповски својот настап ќе го има на 12 септември 2010 година. По тој повод нашиот најдобар триатлонец изјави:
- "Одлично сум подготвен за Светското првенство. Благодарејќи на Македонскиот олимписки комитет по трет пат ќе учествувам на ова големо натпреварување и се надевам дека ќе постигнам забележителен резултат."