


За подобри олимписки подготовки – Договор за соработка со „КИНЕТИКУС“
Во насока на обезбедување на максимални услови за подготовка на македонските врвни спортисти, на 31.10.2008 година, во хотелот Континентал беше потпишан Договор за соработка помеѓу МАКЕДОНСКИОТ ОЛИМПИСКИ КОМИТЕТ и ПЗУ КИНЕТИКУС (http://www.kineticus.com.mk).


Соработката се однесува на спортко-медицинска и фитнес поддршка од страна на ПЗУ КИНЕТИКУС за македонските олимпијци, претставници на нашата земја на претстојните зимски и летни олимписки игри во цилкусот 2008-2012 година (ВАНКУВЕР 2010 и ЛОНДОН 2012).


Со потпишувањето на овој договор потенцијалните олимписки кандидати на МАКЕДОНСКИОТ ОЛИМПИСКИ КОМИТЕТ, во реализацијата на совремниот тренажен процес, во ПЗУ КИНЕТИКУС ќе имаат можност да ја подобрат својата спортска форма, ќе имаат најдобра екипа за спортска медицина со можност на користење на најмодерна апаратура за водење на спортските програми, со примена на најновите научни достигнувања во светот.

Со оваа акција, МАКЕДОНСКИОТ ОЛИМПИСКИ КОМИТЕТ има намера да ги следи најновите научни достигнувања во областа на спортската медицина, а со тоа и поинтензивно да ја вклучи примената на науката во спортот.


Условите и можностите кои ги нуди ПЗУ Кинетикус, следење на светските трендови, специјализаран медицински кадар, искусен докторски тим од областа на спортската медицина се гаранција не само за македонските олимпијци туку и за сите останати спортисти и граѓани на Република Македонија – гаранција дека и кај нас има место каде сите ќе можат да ги користат расположивите содржини за подобрување на спортските резултати, но и за рекреација и кои ќе придонесат за отстранување на сите аномалиии кои ги носи модерниот начин на живот.
МАКЕДОНСКИ ОЛИМПИСКИ КОМИТЕТ