|
 СООПШТЕНИЕ
Поддршка на Вип оператор за македонските олимпијци на претстојните Летни олимписки игри во Кина
Скопје, 23 јули 2008. – На чекор до почетокот на Летните олимписки игри во Пекинг, дел од нашите спортисти веќе се подговтвени да се соочат со предизвиците на најпрестижниот натпревар низ историјата на спортските натпревари. Здравиот и натпреварувачки дух, солидарноста и универзалноста, како и хармонијата на духот, телото и умот поврзани преку желбата и енергијата за победа, се позитивните вредности во кои верува Вип, а кои истовремено се и синоними со кои се препознаваат и поврзуваат Олимписките игри.
Тргнувајќи од ова, Вип оператор да ги подржува членовите на Македонскиот национален олимписки тим во сите нивни потреби и активности во текот на подготовките и настапот на годинешните летни Олимписки игри.
29-те Летни олимписки игри се одржуваат во Пекинг, Кина, во периодот од 8-24 август 2008 година.
На крајот на март 2008 година, Вип оператор го објави официјалното партнерство на Македонскиот олимписки комитет - МОК. Во насока на поддршка и промоција на вистинските вредности и активно учество во изградбата на здраво општество, Вип оператор одлучи да го поддржи Македонскиот национален тим на престојните Летни олимписки игри 2008, што ќе се одржат во Пекинг. Во рамки на соработката со МОК во текот на мај и јуни беа организирани и Вип олимписките денови во Свети Николе и Валандово.
Македонскиот олимписки комитет изрази огромна задоволство од поддршката на Vip оператор пред престојниот настап на Македонскиот национален тим на Летните олимписки игри.
Повеќе информации
Вип оператор
Вип оператор е член на mobilkom austria групацијата. На 26 март 2007, Вип оператор доби лиценца за трет мобилен оператор во Република Македонија, откако победи на тендер за 10 годишна ГСМ 900/1800 лиценца со автоматско продолжување за дополнителни 10 години. Вип оператор започна со комерцијална работа на 19 септември 2007. До крајот на првиот квартал (Q1) од 2008, услугите на Вип оператор ги користат 163.300 корисници. Од мај 2008 Вип оператор е во стратешко пратнерство со Vodafone.
Повеќе информации: www.vip.com.mк
Контакт:
Даниела Н. Стојчевска
Корпоративни комуникации
Вип оператор
Моб. +389 77 770 011
факс. +389 2 3110 077
e-mail: d.nacevska-stojcevska@vipoperator.com.mk
МОК
Македонскиот олимписки комитет делува од осамостојувањето на Република Македонија во 1991 година. Прв настап на Македонскиот национален тим под Македонско знаме беше на Летните Олимписките игри во 1996 година во Аталанта САД. Основна цел на Македонскиот олимписки комитет е подготовка на македонските спортисти за Олимписките игри, ширење на олимпискиот дух и олимпиското движење и развој на врвниот спорт. Досега Македонските спортиси на Олимписките игри освоиле 13 медали во разни спортови и три медали на Пара олимписките игри. Македонскиот олимписки комитет е член на Меѓународниот олимписки комитет.
Повеќе информации: www.mok.org.mk
|