|
|
|
|
ПРОДОЛЖУВАТ ПОДГОТОВКИТЕ НА ПРИМИСЛАВ ДИМОВСКИ |
|
16-04-2010 |
|
 ПРОДОЛЖУВАТ ПОДГОТОВКИТЕ НА ПРИМИСЛАВ ДИМОВСКИ Главна цел - ЛОНДОН 2012
По освојувањето на бронзениот медал на еден од најсилните турнири во светот, Примислав Димовски денес се врати од Анкара, каде што во просториите на Македонскиот олимписки комитет ги сподели своите импресии со спортскиот директор на Македонскиот олимписки комитет, г-динот Владимир Богоевски.

Веќе утре, Примислав, по налог на Македонскиот олимписки комитет, треба да се јави на спортско-медицински прегледи по што тренеро Калач Ружди, ќе го одреди степенот на неговите понатамошни подготовки. Македонскиот олимписки комитет за Примислав обезбеди исхрана, теретана, спортско-медицински прегледи, базични подготовки и учество на големите боксерски турнири како дел од заедничките аспирации за учество на ЛОИ ЛОНДОН 2012.
|
| Назад |
|
|
|
|
|