|
|
|
|
МОК и УТМС во заедничка акција за обезбедување на стипендија за до-едукација на македонските спортисти |
|
12-11-2010 |
 
|
МОК и УТМС во заедничка акција за обезбедување на стипендија за до-едукација на македонските спортисти
Заедничка грижа за “кариерата после кариера“ на најдобрите македонски спортисти | |

| |
На, 13.11.2010 година беше потпишан Договор за соработка меѓу Македонскиот олимписки комитет и Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, прв од ваков вид кој едноставно најдобрите институции во Македонија го договорија во насока на обезбедување на посветла и посигурна иднина на македонските спортисти.

Договорот за соработка го потпишаа, Претседателот на МОК, проф. д-р Васил Тупурковски и Ректорот на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, проф. д-р Аце Миленковски кои и ги врачија првите индекси на после дипломските студии на Олимписките стипендисти Примислав Димовски, Стојан Поповски и Атанас Николовски.
 Македонскиот олимписки комитет со овој договор ја исполнува својата обврска да се грижи за едукацијата и иднината на спортистите следејќи го светскиот пример за нивната “кариера после кариера“. За Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, потпишувањето на овој Договор претставува можност за давање значаен придонес за развојот на едукацијата на врвните спортисти од Република Македонија. | |
 Едноставно најдобрите со навистина најдобрите!
 Ректорот на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, проф. д-р Аце Миленковски му врачува индекс на Aтанас Николовски
 Ректорот на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, проф. д-р Аце Миленковски му врачува индекс на Стојан Поповски
 Претседателот на МОК, проф.д-р Васил Тупурковски му честита на Примислав Димовски за запишувањето на последипломските студии на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје
По тој повод нашиот најдобар боксер, Примислав Димовски, изјави: “Ја изразувам својата среќа од шансата која двете најдобри институции во областа на спортот и едукацијата во Македонија, Македонскиот олимписки комитет и Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје ми ја обезбедија во насока на надградба на своето образование и со овој голем гест очекувам многу подобра и посигурна кариера по завршетокот на мојата спортска кариера“.
| |
Главна цел на овој Договор е остварување на главниот интерес на овие две институции кој се состои во поддржување и унапредување на спортот во Република Македонија како и заемна промоција, афирмација и соработка на Македонскиот олимписки комитет и Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, пред се во интерес на спортот и спортистите од Република Македонија. |
| Назад |
|
|
|
|
|