Контакт

Премиерно прикажан документарецот за Димитар Илиевски – Мурато

 28-02-2011

                 Премиерно прикажан документарецот за Димитар Илиевски – Мурато

                                 

Во рамките на проектот Мали олимписки игри, во продукција на Македонскиот олимписки комитет, премиерно се одржа прикажување на документарниот филм на МОК, за олимпискиот великан и македонската алпинистичка легенда, Димитар Илиевски – Мурато. Градоначалникот на општина Кисела вода, г-дин Марјан Ѓорчев и Генералниот секретар на Македонскиот олимписки комитет, д-р Сашо Поповски, во својот говор истакнаа дека се среќни што премиерната промоција на овој филм, авторски потпишан од Златко Калински, беше токму во Општина Кисела Вода, во која се реализира проектот Мали олимписки игри и дека учениците и граѓаните на Кисела Вода, но и од цела Македонија ќе можат да го погледанат овој филм и да се запознаат со човечките и олимписките вредности на Диме Илиевски – Мурато. Голема благодарност до Македонскиот олимписки комитет и Општина Кисела Вода изрази и Јован Попоски, водачот на Македонската Хималјска експедиција, кој по проекцијата изјави дека документарниот филм дава одлична слика, пред сè за тоа каков грандиозен спортист бил Мурато, но и за тоа што се случи во 1989 година на Еверест.

Назад

НАРЕДНИ ОЛИМПИСКИ ИГРИ

ЗОИ СОЧИ 2014%07/02/2014
ЗОИ СОЧИ 2014
ЛОИ РИО ДЕ ЖАНЕИРО 2016%05/08/2016
ЛОИ РИО ДЕ ЖАНЕИРО 2016
ЗОИ ПЈОНГЧАНГ 2018%09/02/2018
ЗОИ ПЈОНГЧАНГ 2018
ЗОИ 2014
Sochi 2014