Контакт

ЗАПОЧНА НАСТАПОТ НА НАШИТЕ СПОРТИСТИ НА ЛОИ ПЕКИНГ 2008

 18-08-2008
                                              
 ЗАПОЧНА НАСТАПОТ НА НАШИТЕ СПОРТИСТИ НА ЛОИ ПЕКИНГ 2008

1. Михајло Ристовски (пливање) на трката на 200 метри (слободно) го освои 55 место, со резултат од 1:57:45 со што оствари најдобро лично остварување.
Резултат:
http://results.beijing2008.cn/WRM/ENG/INF/SW/C73A1/SWM012901.shtml#SWM012901

Михајло Ристовски на стартниот блок на трката на 100 м. (ЛОИ Пекинг 2008)
 
2. Сашо Несторов (стрелаштво - 10 метри воздушна пушка), го освои 51 место на олимпискиот турнир во Пекинг.
Резултат:
http://results.beijing2008.cn/WRM/ENG/INF/SH/C74A/SHM101101.shtml#SHM101101

3. Атанас Николовски, кајак на диви води, во дисциплината К-1 го освои 19 место на олимпискиот турнир во Пекинг.
Резултат:
http://results.beijing2008.cn/WRM/ENG/INF/CS/C73B/CSM110900.shtml#CSM110902

Атанас Николовски на Олимписката патека (ЛОИ Пекинг 2008)

4. Елена Поповска  (пливање), на трката на 100 метри (слободно) го освои 47 место, со резултат од 59:53 сек. со што оствари најдобро лично остварување.
Резултат:
http://results.beijing2008.cn/WRM/ENG/INF/SW/C73A1/SWW011901.shtml#SWW011901


Елена Поповска на стартниот блок на трката на 100 м. (ЛОИ Пекинг 2008)

5. Ивана Рожман, атлетика, во дисциплината 100 м. го освои 69 место (од вкупно 85), на олимпискиот турнир во Пекинг, со време од 12,92 секунди.
Резултат:
http://results.beijing2008.cn/WRM/ENG/INF/AT/C73A/ATW001901.shtml#ATW001901

  
Ивана Рожман по трката на 100 метри              Старт на трката на 100 метри (ЛОИ Пекинг) 2008
(ЛОИ Пекинг 2008)

6. Реџеп Селман,  атлетика, во дисциплината трискок го освои 37 место (од вкупно 39), на олимпискиот турнир во Пекинг, со резултат 15,29 метри.
Резултат:
http://results.beijing2008.cn/WRM/ENG/INF/AT/C73O/ATM062901.shtml#ATM062901


Реџеп Селман на Олимпискиот стадион во Пекинг (ЛОИ Пекинг 2008)

7. Мурад Рамазанов, во првото коло на боречкиот олимписки турнир ќе се бори против турскиот борач, Одабаси Тефвик (
http://results.beijing2008.cn/WRM/ENG/BIO/Athlete/9/233539.shtml).
Борбата започнува на 19 август, во 9:40 часот (3:40 часот по македонско време).

*********************************************************************
КАКО ЗАЕДНИЧКИ СЕ НАВИВА ЗА МАКЕДОНИЈА!



Генералниот секретар на Македонскиот олимписки комитет, Д-р Сашо Поповски, во друштво на Претседателот на Соединетите Американски Држави, г-динот Џорџ Буш, неговата сопруга Лора Буш, неговиот татко Џорџ Буш сениор, а во горниот ред седи поранешниот советник за национална безбедност и министер за надворешни работи на Соединетите Американски Држави, г-динот Хенри Кисинџер.




Информации во врска со настапот на македонските спортисти на ЛОИ ПЕКИНГ 2008, може да се добијат од страна на Генералниот секретар, Д-р Сашо Поповски на телефонскиот број +8613911872669 или на адреса на електронска пошта:
мкд@беијинг2008.цн .
Истите редовно ќе бидат обновувани на официјалната веб страна на Македонскиот олимписки комитет.

Meдиумите имат право да превземат информации и слики од веб страната на Македонскиот олимписки комитет, со тоа што на крај од текстот треба да наведеат:
"Информациите (сликите) се превземени од веб страната на Македонскиот олимписки комитет www.mok.org.mk".

Назад

НАРЕДНИ ОЛИМПИСКИ ИГРИ

ЗОИ СОЧИ 2014%07/02/2014
ЗОИ СОЧИ 2014
ЛОИ РИО ДЕ ЖАНЕИРО 2016%05/08/2016
ЛОИ РИО ДЕ ЖАНЕИРО 2016
ЗОИ ПЈОНГЧАНГ 2018%09/02/2018
ЗОИ ПЈОНГЧАНГ 2018
ЗОИ 2014
Sochi 2014