|
|
|
|
ПОТПИШАН ОЛИМПИСКИ ДОГОВОР МЕЃУ МАКЕДОНИЈА И ИТАЛИЈА |
|
17-10-2011 |

|
На Собранието на Медитеранските олимписки комитети ПОТПИШАН ОЛИМПИСКИ ДОГОВОР МЕЃУ МАКЕДОНИЈА И ИТАЛИЈА |
|
 Д-р Сашо Поповски (Ген.сек. на МОК), Џовани Петруци (Претседател на КОНИ) и Рафаеле Пањоци (Ген.сек. на КОНИ)
|
|
Македонскиот и Италијанскиот олимписки комитет потпишаа четири годишен олимписки Договор за соработка во областа на спортот со кој сите спортски ресурси, тренерскиот кадар, спортско-медицинските искуства, спортскиот менаџмент, најновите достигнувања во спортската наука, спортските објекти за врвни спортски резултати и олимписките бази за основни (базични) подготовки се на располагање на нашите најдобри спортисти односно на нашите Национални спортски федерации. Овој договор е потпишан како резултат на долгогодишната искрена и блиска соработка помеѓу двата олимписки комитети и беше потпишан за време на Генералното Собрание на Меѓународниот комитет на Медитеранските игри, кое се одржа во периодот 12-16 Октоври, во Мерсин, Турција. Покрај ова, Македонскиот олимписки комитет обезбеди и нова програма за унапредување на спортот во Македонија со тоа што стана дел од програмата на Комисијата за развој и соработка со што македонските спортисти ќе можат, преку МОК, да тренираат и да се подготвуваат заедно со другите спортисти од најдобрите Медитерански земји. Истата програма за однесува и за обука на стручниот (тренерскиот) кадар од Македонија. Инаку, од порано е одлучено, градот Мерсин да биде домаќин на Медитеранските игри во 2013 година, игри на кои најдобрите македонски спортисти, преку Македонскиот олимписки комитет, ќе ја имаат единствената привилегија да се натпреваруват со најдобрите спортисти од Медитеранот. Овој собир, исто така, беше искористен и за договарање на нова соработка посебно со другите Медитерански олимписки комитети, а истите беа и поканети следната година, да бидат гости на МОК, на јубилејот 20 години од постоење. |
|
 Д-р Сашо Поповски (Ген.сек. на МОК), Џовани Петруци (Претседател на КОНИ)
 Д-р Сашо Поповски (Ген.сек. на МОК), Росана Чуфети (Спортски директор на КОНИ) и Рафаеле Пањоци (Ген.сек. на КОНИ)
|
|
На ова Собрание, меѓу другото беше одлучено и градот Тарагона (Шпанија), да биде град-домаќин на Медитеранските игри кои треба да се одржат во 2017 година. Против кандидат на Тарагона, беше градот Александрија (Египет), која доби 34 од вкупно 70 гласа. |
|
| Назад |
|
|
|
|
|