|
ПРИЕМ ВО МОК ЗА РАКОМЕТАРИТЕ НА МАКЕДОНИЈА И КАЈАК ОД ПИВАРА СКОПЈЕ АД ЗА ОЛИМПИЕЦОТ АТАНАС НИКОЛОВСКИ
Во просториите на МОК (17 Јуни 2008 година) се одржа прием по повод пласманот на машката ракометна репрезентација на Македонија на СП кое треба да се одржи следната година во Хрватска. Прием беше направен и за олимпиецот Атанас Николовски, кој од ПИВАРА СКОПЈЕ АД, доби најнов модел на кајак, со кој треба да се постигне добар резултат на Олимписките игри во ПЕКИНГ.
Исто така, МОК со селекторот на македонската ракометна селекција, Илија Темелковски, се договори околу проектот за унапредување на врвниот спорт, особено на ракометот. Овој проект ќе започне да се реализира во месец септември 2008, во соработка со Германскиот олимписки комитет, кога врвни експерти од Германија ќе дојдат во Република Македонија и ќе соработуват со нашите тренери во ракометот, во атлетиката и во областа на спортската медицина (исхрана на спортистите) и спортската психологија.

|