Контакт

ДОГОВОРЕНА ОЛИМПИСКА ПОМОШ ОД БЕЛОРУСИЈА

 12-03-2011

 
Меѓународна активност на МОК - Потпишан договор за билатерална соработка

ДОГОВОРЕНА ОЛИМПИСКА ПОМОШ ОД БЕЛОРУСИЈА

Генералните секретари на Националните олимписки комитети на Македонија и Белорусија, д-р Сашо Поповски и г-дин Георг Катулин потпишаа договор за билатерална соработка во областа на олимпизмот и спортот, документ кој е од исклучителна важност за развојот на спортот во Македонија.

Белорускиот олимписки комитет, силно помогнат од својата држава (72% од годишниот буџет е обезбеден од Владата на Белорусија), на последните Летни Олимписки игри во Пекинг освои рекордни 19 медали, додека на Зимските Олимписки игри во Ванкувер, Белорускиот олимписки тим освои рекордни три медали. Претседателот на Македонскиот олимписки комитет, д-р Васил Тупурковски и Претседателот на Белорускиот олимписки комитет, Александер Лукашенко, изразија големо задоволство од потпишувањето на овој договор, со надеж дека спортистите и Националните спортски федерации, од двете држави, сепак ќе го имат најголемиот бенефит од оваа олимписка соработка.

Македонскиот олимписки комитет, за нашите Национални спортски федерации и за македонските Олимписки кандидати со овој договор обезбеди користење на спортската инфраструктура односно на Олимписките центри за високи спортски резултати на Белорусија, користење и размена на стручниот (тренерскиот) кадар, размена на знаења од областа на спортската медицина и многу други поволности кои ќе го помогнат развојот на македонскиот спорт.

Назад

НАРЕДНИ ОЛИМПИСКИ ИГРИ

ЗОИ СОЧИ 2014%07/02/2014
ЗОИ СОЧИ 2014
ЛОИ РИО ДЕ ЖАНЕИРО 2016%05/08/2016
ЛОИ РИО ДЕ ЖАНЕИРО 2016
ЗОИ ПЈОНГЧАНГ 2018%09/02/2018
ЗОИ ПЈОНГЧАНГ 2018
ЗОИ 2014
Sochi 2014