|
|
|
|
ОДРЖАН ОЛИМПИСКИ АНТИ-ДОПИНГ КУРС |
|
23-04-2008 |

ОДРЖАН ОЛИМПИСКИ АНТИ-ДОПИНГ КУРС
На 21 и 22 април 2008 година, во организација на Македонскиот олимписки комитет се одржа Курс за анти-допинг. Семинарот беше отворен од страна на Претседателот на Македонскиот олимписки комитет, Д-р Васил Тупурковски, а присутните ги поздрави и Амбасадорот на Европската Унија во Република Македонија, Н.Е. Ерван Фуере.
На курсот, на кој предавачи беа Д-р КРИСТИНА ЦИЦИБИКУ, Менаџер за анти-допинг на Олимписките игри во АТИНА 2004, Д-р ПАОЛО БОРИОНЕ, Менаџер за анти-допинг на Олимписките игри во ТОРИНО 2006, Д-р РУШТУ ГУНЕР, Експерт на Светската Анти-допинг агенција (WADA) и Д-р ИЛИЈА СТОИЛОВ, допинг контролор на УЕФА, Раководител на секторот Спортска медицина и анти-допинг при ФФМ, се презентираа најновите информации од областа на анти-допинг програмите, користењето на дозволени прехрамбени суплементи во спортот (дозволени и недозволени), беше презентиран Италијанскиот Закон за анти-допинг (единствен во светот кој го санкционира како кривично дело користењето на допинг средства), ненамерната употреба на забранети субстанци, беше детално објаснет ТУЕ процесот (стандардна и скратена постапка), најновата процедура за земање на крв за допинг контрола и многу други информации од областа на анти-допингот. На крајот на семинарот на учесниците им беа доделени дипломи од Меѓународниот олимписки комитет.




|
| Назад |
|
|
|
|
|