
МАКЕДОНСКИОТ ОЛИМПИСКИ КОМИТЕТ - 18 години
На 20 Март 1992 година, на иницијатива на Националните спортски федерации на Македонија, во хотелот Гранд – Скопје формиран е МАКЕДОНСКИОТ ОЛИМПИСКИ КОМИТЕТ.

За прв претседател на МАКЕДОНСКИОТ ОЛИМПИСКИ КОМИТЕТ беше избран Д-р Васил Тупурковски, а беше избран и Управен и Надзорен одбор. На церемонијата на формирање на МАКЕДОНСКИОТ ОЛИМПИСКИ КОМИТЕТ беа присутни и тогашниот претседател на Република Македонија, г-динот Киро Глигоров, претседателот на Собранието на Република Македонија, г-динот Стојан Андов, потпретседателот на Владата на Република Македонија, г-дин Блаже Ристевски, потпретседсателите на Собранието на Република Македонија, г-дин Тито Петковски и г-дин Киро Поповски и многу други.