|
НАШИТЕ НАЈДОБРИ КАЈАКАРИ НА ПОДГОТОВКИ ВО СЛОВЕНИЈА - ОСНОВНА ЦЕЛ ЛОНДОН 2012 Македонскиот олимписки комитет продолжува со својата одлучност (финансиски и логистички) да ги помага Националните спортски федерации во Македонија и на тој начин со заеднички напори на сите спортски фактори во Македонија ја подобри моменталната состојба во спортот.
Овој пат, Македонскиот олимписки комитет ќе ја помогне Кајакарската федерација на Македонија односно ќе ги помогне нашите најдобри македонски кајакари Атанас Николовски и Огнен Бражански, кои во перидот 5-16 Мај 2010 година, ќе заминат на подготовки во Словенија каде што ќе се подготвуват со најдобрите словенечки кајакари.
 За време на нивниот престој нашите најдобри кајакари на диви води, ќе треба а учествуват и на две трки во организација на Кајакарскиот сојуз на Словенија. Првиот натпревар треба да се одржи на 8-9 Мај 2010 година и е од национален карактер, а вториот кој ќе биде од меѓународен карактер ќе се одржи на 15 и 16 Мај 2010 година.
Македонскиот олимписки комитет верува во нашите спортисти и во нивните квалитети и ќе биде упорен и истраен во создавање на многу подобри услови за нивни подготовки и учество на Олимписките и Медитерански игри како и на Европските и Светските првенства.
|