Контакт

Остварена средба Тупурковски - Жуков

 21-03-2011

Состанок на челниците на Македонскиот и Рускиот олимписки комитет
Остварена средба Тупурковски - Жуков

На 18 Март 2011 година, во седиштето на Рускиот олимписки комитет, во Москва, се оствари средба меѓу Претседателот на Македонскиот олимписки комитет, д-р Васил Тупурковски и претседателот на Рускиот олимписки комитет и потпретседател на Владата на Руската Федерција, г-дин Александар Жуков. На оваа средба, која е всушност прва од многуте следни, веќе договорени, се разговараше за развојот на Олимпизмот и спортот во Македонија и Русија, за користење на спортската инфраструктура односно на Олимписките центри за врвни спортски резултати на Русија, користење и размена на стручниот (тренерскиот) кадар, размена на информации од областа на спортската медицина и многу други поволности кои ќе го помогнат развојот на македонскиот спорт. Разговори беа водени и во насока на соработка на двата олимписки комитети за Зимските олимписки игри во Сочи 2014 и Светското првенство во фудбал кое ќе се одржи во Русија 2018 година како и можноста за соработка на секое ниво меѓу Македонија и Русија. Во оваа прилика, г-дин Александар Жуков ги покани претседателот и генералниот секретар на МОК, д-р Васил Тупурковски и д-р Сашо Поповски да учествуват на конференцијата за Меѓусебна соработка и унапредување на спортот која следната недела ќе се одржи во Сочи, градот домаќин на Зимските олимписки игри 2014 година.

Назад

НАРЕДНИ ОЛИМПИСКИ ИГРИ

ЗОИ СОЧИ 2014%07/02/2014
ЗОИ СОЧИ 2014
ЛОИ РИО ДЕ ЖАНЕИРО 2016%05/08/2016
ЛОИ РИО ДЕ ЖАНЕИРО 2016
ЗОИ ПЈОНГЧАНГ 2018%09/02/2018
ЗОИ ПЈОНГЧАНГ 2018
ЗОИ 2014
Sochi 2014