|
|
|
|
Ново унапредување на одбојката во Македонија |
|
24-05-2010 |


Ново унапредување на одбојката во Македонија

Македонскиот олимписки комитет продолжува со олимписката обука на тренери и испрати уште едeн млад тренер од Македонија на стручно усовршување во странство.
Овој пат тоа е Дејан Стојанов, селектор на младинската одбојкарска репрезентација кој учествуваше на меѓународниот одбојкарски семинар во Словенија, на кој предавачи беа најпознатите американски одбојкарски тренери Д-р Даг Бил, Д-р Карл Мек Гоун, Д-р Марв Данфи и Џим Мек Лахлин.Овие четворица тренери се креатори на златните американски олимписки медали и заедно, на Олимписките игри, 7 (седум) пати ја предводеле најдобрата Американска машка одбојкарска репрезентација при што имат освоено и три златни олимписки медали.


Нашиот младински селектор за време на овој престижен меѓународен семнар се запозна со најновите светски тренажни методи и стратегии, научни принципи на биомеханички анализи, тактики за напад и одбрана, психолошки пристап кон играчите и многу други теми кои треба да ги пренесе на своите колеги oд Македонија и кои ќе бидат од голема корист за развојот на одбојката во нашата држава.
|
| Назад |
|
|
|
|
|