ПОТВРДА НА ИСКРЕНОТО ПАРТНЕРСТВО МЕЃУ
АМЕРИКАНСКИОТ И МАКЕДОНСКИОТ ОЛИМПИСКИ КОМИТЕТ
Зоран Мирковиќ (таеквондо) е следниот тренер кој Македонскиот олимписки комитет го испраќа на обука и усовршување во САД, а во соработка со Американскиот олимписки комитет (УСОК). Македонскиот олимписки комитет е еден од ретките олимписки комитети во светот, ако не и единствен, кој трета година по ред испраќа тренери на усовршување во Олимпискиот центар во Колорадо Спрингс (САД) и на Спортскиот Универзитет во Делавер. Оваа година, оваа привилегија ја имаат само 22 тренери од целиот свет кои заедно со нашиот Зоран Мирковиќ беа избрани во конкуренција од над 100 аплицирани тренери од целиот свет. Програмата започна на 3 октомври 2010 година, а ќе заврши со последниот модул заклучно со 3 мај 2011 година, во седиштето на ИОК во Лозана, Швајцарија.

Слика: Џеф Шнајдер, директор на програмата за развој на сила и кондиција за високи спортски перформанси, Зоран Мирковиќ и Каролина Бајон, Директор за меѓународни односи на Американскиот олимписки комитет и најискрен пријател на Македонскиот олимписки комитет и воопшто на спортот во Македонија
"Како дел од нашата определба за меѓународни теренска работа, и по успехот на првите две изданија на оваа обука, Олимпискиот комитет на САД е задоволeн oд партнерството со МОК како и со помошта која ја дава Универзитетот во Делавер, но и со можноста да им сe понуди квалитетна тренерска едукативна програм на сите тренери од целиот свет" - изјави Генералниот секреатар (Главен извршен директор) на АОК, г-динот Скот Блекмун. "Оваа програма е насочена кон помагање и едукација на тренерите, во развивање на нивните квалитети во широк спектар на razni вештини како и квалитетна обука на сите нивоа, сe со цел да им помогнеme на тренерите да помогнат во развојот на тренерската инфраструктура во своите земји."
Програмата се состои од предавања од страна на американски експерти во области како спортска исхрана, спортска медицина, управување и третирање на повреди и превенција, спортска психологија и спортска физиологија, биомеханика, моторика, спортска администрација, како и развој и имплементација на најновите тренерски методи.
Програмата има четири модули. Во првата, учесниците поминуваат две недели, на Универзитетот Делавер и присуствуваат на предавања и презентации, презентирани од американски експерти на различни теми од тренерското образование и најнови теми од науката во спортот. Главен предавач на церемонијата на отварањето на 3 октомври, беше Хенк Штајнбрехер, извршен директор / Генерален секретар на Фудбалската федерација на Америка, во текот на 1990-тите.
Вториот модул ќе се одржи во периодот 17-28 октомври 2010 година, и е насочен кон спортска специјализација која им овозможува на учесниците да ги набљудуваат и да комуницирате со тренерите од Националните спортски федерации како и со елитните спортски клубови од САД, а нашиот тренер, Зоран Мирковиќ ќе биде гостин на Ремарк Спорт Таеквондо клуб во Александрија, Вирџинија.
Третиот модул ќе се одржи во ноември во Американскиот олимписки тренинг центар во Колорадо Спрингс, Колорадо, и се состои од продолжување на предавања и работа во групни активности во текот на две недели подучени од експертите на Американскиот олимписки комитет за развој на спортските перформанси на спортистите.
Во четвртиот модул, учесниците ќе ги презентираат своите проекти, кои ги завршиле во текот на програмата, пред Академски одбор во седиштето на ИОК во Лозана, Швајцарија. Проектот на Зоран Мирковиќ, кој треба да го помогнат и Македонскиот олимписки комитет и Такевондо федерацијата на Македонија, ќе се фокусира на подобрување на тренерската инфраструктурата и развојот на Таеквондо спортот во Македонија.
Македонскиот олимписки комитет искрено верува во квалитетите на Зоран Мирковиќ и секако е пресреќен што зад себе како најголем поддржувач го има Американскиот Олимписки Комитет, на чело со Каролина Бајон како најголем пријател на Олимпизмот и спортот во Македонија за што ние сме и бескрајно благодарни!