|
|
|
|
ОЛИМПИСКИ ДЕН 2010 |
|
24-06-2010 |

 Одбележан роденденот на Меѓународниот олимписки комитет ОЛИМПИСКИ ДЕН 2010
 Олимпискиот ден е глобална активност на Олимпиското движење со која се промовира Олимпизмот и традиционално се одржува во организација на 205 национални олимписки комитети, низ целиот свет.  Со оваа манифестација, Македонскиот олимписки комитет го одбележа роденденот на Меѓународниот олимписки комитет кој е формиран на 23 јуни 1894 година. Како сеќавање на овој ден, за прв пат во 1987 година беше организиран Олимпискиот ден на трчање, а од минатата година овој настан го носи името Олимписки ден.  По тој повод, Македонскиот олимписки комитет, по 18 пат, традиционално како и секоја година, организираше олимписка трка на Кејот на реката Вардар (до мостот кај хотелот Александар Палас).На стартот на трката од 1,5 км. се појавија учесници од повеке генерации, кои на посебен начин го одбележаа денот на олимпиското движење. Посебно обраќање до учесниците на олимпискиот ден имаше претседателот на МОК, д-рВасил Тупурковски, а нашиот најдобар боксер Примислав Димовски го прочита поздравното писмо по повод Олимпипскиот ден, испратено од страна на претседателот на ИОК, д-р Жак Рог.  


 На оваа манифестација учествуваа ученици од основните и средните училишта, а учество земаа и олимписките великани на МОК, врвните спортисти од Македонија, претставници на Националните спортски федерации, на Агенцијата за млади и спорт, на дипломатскиот кор во Македонија и многу други.
|
| Назад |
|
|
|
|
|