
ЗАВРШИ ЛЕТНИОТ ЕМОФ ТАМПЕРЕ 2009
На 10-от Летен европски младински олимписки фестивал кој оваа година се одржа од 19 до 24 јули во Тампере, Финска настапија и 4 македонски спортисти во 4 спортски дисциплини.
Натпреварувачите беа облечени во спортската опрема на реномираната македонска компанија МАКСПОРТ (повеќе...).
Шеф на делегацијата на ЕЈОФ Тампере беше, спортскиот директор на МОК, г-дин Владимир Богоевски.
На овој фестивал, од нашите млади спортисти, на атлетските натпревари настапи Бојан Милчевски (тренер Божурка Ѓошевска) и тој во полуфиналето постигна време кое што е речиси 5 секунди послабо од своето најдобро време. На тениските терени се појави Васка Трајкова (тренер Владимир Андонов) која на почетокот загуби од шпанската тенисерка Силва Гарсиа со 6-1 и 6-0. На утешниот турнир Васка Трајкова ја победи претставничката на Естонија со 2-1, а изгуби од претставничката на Словачка со 2-0. Горазд Чепишевски во пливање, во б финалето, во својата дисциплина, 200 метри грбно, исплива нов апсолутен рекорд на Македонија со време 2,10,43 (тренер Боро Блажевски). Гимнастичарот Иван Крстевски (тренер Трајче Ефремов) на разбој беше 75-ти, на прескок 70, на карики 62 ри, на коњ беше 71, на партер 74 односно вкупно беше 73-ти од вкупно 75 натпреварувачи.
Следниот летен ЕМОФ ќе се одржи 2011 година, во Трабзон, Република Турција.
Табела на освоени медали на ЕМОФ Тампере, Финска (повеќе...).