Контакт

Поповски на усовршување во САД-АМЕРИКАНСКИ ТРЕНЕРИ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ СПОРТИСТИ

 12-03-2011


Поповски на усовршување во САД

АМЕРИКАНСКИ ТРЕНЕРИ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ СПОРТИСТИ

Македонскиот олимписки комитет, за нашиот најдобар триатлонец и олимписки стипендист, Стојан Поповски, покрај тоа што обезбеди 60 дневни подготовки во олимписката база на најдобрите американски триатлонци, Колорадо Спрингс, договори и еден од најдобрите американски триатлон тренери, Карл Трикен, да го подготвува нашиот олимписки кандидат. Карл Трикен покрај тоа што е специјалист на Американскиот олимписки комитет за подобрување на спортските перформанси, тој е и специјалист тренер на Американската велосипедска федерација, тренер на Американската пливачка федерација и помошник тренер на Американската атлетска федерација. И покрај тоа што Стојан Поповски ќе престојува во САД до 12 Мај, Македонскиот олимписки комитет се договори со Американскиот олимписки комитет и со тренерот, Карл Трикен, нивната соработка да продолжи до Олимписките игри во Лондон 2012. Ова значи дека во наредните 500 дена, Стојан ќе работи според програмата и планот на овој голем американски триатлон експерт.

Назад

НАРЕДНИ ОЛИМПИСКИ ИГРИ

ЗОИ СОЧИ 2014%07/02/2014
ЗОИ СОЧИ 2014
ЛОИ РИО ДЕ ЖАНЕИРО 2016%05/08/2016
ЛОИ РИО ДЕ ЖАНЕИРО 2016
ЗОИ ПЈОНГЧАНГ 2018%09/02/2018
ЗОИ ПЈОНГЧАНГ 2018
ЗОИ 2014
Sochi 2014