Контакт

ОДРЖАНА 77-та СЕДНИЦА НА УO НА MOK

 28-11-2008
                                                         

ОДРЖАНА 77-та СЕДНИЦА НА УПРАВНИОТ ОДБОР НА МАКЕДОНСКИОТ ОЛИМПИСКИ КОМИТЕТ

На 25 Ноември 2008 година, Управниот одбор на Македонскиот олимписки комитет ја одржа својата 77 седница.

На оваа седница беше усвоен Правилникот за работа на Комисијата на спортисти на Македонскиот олимписки комитет со кој се регулира работата на Комисијата.

Со овој документ, на спортистите им се дават многу поголеми овластувања и Комисијата како претставничко тело на спортистите од Македонија, во Олимпиското и Параолимпиското движење, но и во сите други релевантни институции, ќе има за цел да ги промовира ставовите на спортистите со што македонските спортисти ќе имаат поголемо влијание врз одлуките кои ги засегаат на национално и меѓународно ниво. Исто така, Комисијата ќе ги разгледува прашањата поврзани со Спортистите кои се подготвуваат за настап на Олимписките Игри и во таа насока ќе делува како советодавно тело на Македонскиот Олимписки Комитет.

Исто така, Управниот одбор на Македонскиот олимписки комитет констатира дека после долгогодишна успешна и плодна работа, во пензија заминува досегашниот спортски директор на Македонскиот олимписки комитет, г-динот Насе Насев (повеќе...).

Од 25 ноември 2008 година, на местото вршител на должност Спортски директор, Управниот одбор на Македонскиот олимписки комитет го назначи г-динот Владимир Богоевски (повеќе...).


                                                                МАКЕДОНСКИ ОЛИМПИСКИ КОМИТЕТ

Назад

НАРЕДНИ ОЛИМПИСКИ ИГРИ

ЗОИ СОЧИ 2014%07/02/2014
ЗОИ СОЧИ 2014
ЛОИ РИО ДЕ ЖАНЕИРО 2016%05/08/2016
ЛОИ РИО ДЕ ЖАНЕИРО 2016
ЗОИ ПЈОНГЧАНГ 2018%09/02/2018
ЗОИ ПЈОНГЧАНГ 2018
ЗОИ 2014
Sochi 2014