|

Вип оператор – официјален партнер на МОК
Скопје, 21 март 2008 – Вип оператор е новиот официјален партнер на Македонскиот олимписки комитет - МОК. Во насока на поддршка и промоција на вистинските вредности и активно учество во изградбата на здраво општество, Вип оператор одлучи да го поддржи Македонскиот национален тим на престојните Летни олимписки игри 2008, што ќе се одржат во Пекинг. Вип oператор обезбедува целосна поддршка и промоција на Македонскиот национален тим во однос на неговите потреби и активности во текот на подготовките и настапот на Летните олимписки игри.
- Да се биде дел од најголемиот светски настан како што се Летните олимиски игри е огромна чест и задоволство за Вип оператор. Натпреварувачкиот дух, универзалноста, здравиот дух и солидарноста се синоними на Олимписките игри. Ние во Вип oператор ги препознавеме и негуваме овие вистински вредности, што ги слави целиот свет на Олимписките игри стотици години низ историјата. Веруваме дека ќе придонесеме за подигнување на спортскиот дух кај Македонските учесници и дека заедно ќе ги славиме сите нивни победи - изјави Никола Љушев, извршен директор на Вип оператор.
Македонскиот олимписки комитет изрази огромна задоволство од поддршката на Вип оператор пред престојниот настап на Македонскиот национален тим на Летните олимписки игри. - За секој успех потребна е поддршка. Кога таа поддршка доаѓа од искрен партнер кој е докажан во светот на бизнисот, задоволството е огромно. Во овие турбулентни и динамични времиња, вистинските вредности во животот кои се најизразени во спортот, за жал се запоставени. Токму затоа поддршката од Вип оператор е од клучно и огромно значење за Македонскиот олимписки комитет и за Македонскиот национален тим. Ова е дополнителна мотивација, бидејќи некој сепак ги препознава вистинските вредности. Ќе сториме се за да ја оправдаме довербата - рече Претседателот на МОК Васил Тупурковски.
МОК Македонскиот олимписки комитет делува од осамостојувањето на Република Македонија во 1991 година. Прв настап на Македонскиот национален тим под Македонско знаме беше на Летните Олимписките игри во 1996 година во Аталанта САД. Основна цел на Македонскиот олимписки комитет е подготовка на македонските спортисти за Олимписките игри, ширење на олимпискиот дух и олимпиското движење и развој на врвниот спорт. Досега Македонските спортиси на Олимписките игри освоиле 13 медали во разни спортови и три медали на Пара олимписките игри. Македонскиот олимписки комитет е член на Меѓународниот олимписки комитет. Повеќе информации: www.mok.org.mk
Вип оператор Вип оператор е член на mobilkom austria групацијата. На 26 март 2007, Вип оператор доби лиценца за трет мобилен оператор во Република Македонија, откако победи на тендер за 10 годишна ГСМ 900/1800 лиценца со автоматско продолжување за дополнителни 10 години. Вип оператор започна со комерцијална работа на 19 септември 2007. До крајот на 2007 услугите на Вип оператор ги користат 141.200 корисници. Вип оператор го поддржува македонскиот спорт. Неодамна Вип стана официјален партнер на Македонската ракометна федерација. Со тоа Вип стана дел од машката и женска ракоментна репрезентација и дава активен поттик на сите нивни настапи на европските и светски ракометни арени. Повеќе информации: www.vipoperator.com.mk
mobilkom austria групација Членови на mobilkom austria групацијата, сегментот за мобилни комуникации на Telekom Austria групацијата, се: mobilkom austria (Австрија), Vipnet (Хрватска), Si.mobil (Словенија), mobilkom liechtenstein (Лихтенштајн), Mobiltel (Бугарија), Vip mobile (Србија), Вип оператор (Македонија) и MDC (Белорусија). Заклучно со 31-ви декември 2007-ма година, вкупниот број на корисници во mobilkom austria групацијата забележа силен пораст од 50,9% и достигна 15,4 милиони. До крајот на 2007 година, новите операции во Република Србија и Република Македонија донесоа 650.100 нови корисници, како и 3,1 милион корисници од белорускиот MDC. Приходите на МАГ во текот на 2007-ма година порасна за 4,6% и достигна 3.035,1 милиони ЕУР. Добивката пред пред амортизација и одбитоци (EBIDTA) се задржа стабилна на ЕУР 1.177,6 милиони. Оперативниот приход изнесува 637.5 милиони евра и опадна за 6.1% поради зголемените амортизациски и други трошоци со консолидацијата на MDC и новите операции во Република Србија и Република Македонија. mobilkom austria групацијата се залага за иновации како во маркетингот, така и во технологијата. Промовирањето на првата светска GPRS мрежа во Австрија во 2000-та година, воведувањето на EDGE технологијата како прва компанија во Словенија во 2003-та година, промовирањето на првата UMTS мрежа во Европа и Австрија во 2002-та година и првата Европска промоција на HSDPA 7.2 во Австрија и Хрватска во 2007-ма, се доказ за нејзината иновативна улога. Пренесувањето на искуство меѓу членовите на групацијата и пазарот придонесува за брз развој и воведување на сите производи и услуги во групацијата. Од 2003-та година, mobilkom austria групацијата има договор за партнерство со Vodafone. Повеќе информации: www.mobilkomaustriagroup.com
|